17.8 C
Скопје
11:05 - 17 мај, 2024

Неделен хороскоп (11 до 19 јуни): Непредвиден пресврт за Стрелците, нова љубов за Лавовите, промени за Рибите…

ОВЕН: Бакнати од среќата!
Драг Овен, вашата недела ќе биде бакната од среќа, која ќе започне со два прекрасни дена на Месечината, во кои очекувајте дека сè може да се случи (што е позитивно). Венера е на ваша страна и е подготвена да ви подари љубов и страст, додека Меркур – од своја страна – ќе ги фаворизира состаноци и работни договори. Единствената нескладна нота во неделата: Месечина во неповолна положба во недела, што ќе предизвика малку нервоза.

БИК: Среќни денови
Драг Бик, оваа недела може да сметате на два дена на Месечината (ќе престојува во вашиот знак), среда и четврток, кои дефинитивно ќе бидат среќни. Јупитер исто така е во конјукција и конечно нешто на работа ќе почне да се движи во ваша корист… За да ги добиете посакуваните резултати, сепак, ќе треба да почекате уште неколку недели: неповолниот транзит на Меркур може да создаде некои пречки на вашиот пат до целта.

БЛИЗНАЦИ: Меркур мисли на вас
Драги Близнаци, Меркуровата конјукција наскоро ќе ви донесе добри вести на работното место: петок и сабота особено ветуваат дека ќе имате среќа, со убава Месечина на ваша страна. И љубовта ќе биде форсирана од планетите: планетата Венера во знакот Лав – „пријателски знак“ е подготвена да ви приреди средба за паметење или, ако веќе сте во врска, нќ внесе зачин во вашата врска, па можно е и принова (нов дом или дури и дете).

РАК: Романтични вибрации
Драг Рак, планетата Венера веќе неколку дена не е во вашиот знак, но вие продолжувате да имате корист од нејзиното позитивно влијание: љубовта ќе биде вистинскиот протагонист на вашите денови, во кои емоциите сигурно нема да изостанат! Конкретно во недела, кога ќе имате и убава Месечина во комбинација, дефинитивно ќе има романтични вибрации во воздухот… Напнати денови во канцеларија, од друга страна, ќе бидат понеделник и вторник.

ЛАВ: Со моќта на љубовта
Драг Лав, Венера конечно влезе во вашиот знак и има намера да остане таму со месеци! Доколку сте веќе во врска, во следниот период може да се решите да направите чекор напред, без разлика дали се работи за соживот, брак, па дури и дете… Слободните, пак, нема да имаат потешкотии да запознаат заинтересирани! Меркур создава и емотивни и професионални можности за средба. Среќни денови: петок и сабота.

ДЕВИЦА: Време за проверки
Драга Девица, спротивставувањето на Сатурн бара од вас да направите некаква проверка во вашиот живот: тоа нема да биде лесен процес, но малку по малку ќе сфатите што е навистина важно и ќе сакате да продолжите да го „чувате“ тоа, и да се грижите за него. Не брзајте се да поправите одеднаш, наскоро ќе ги добиете вистинските одговори што ги баравте долго време. Среќната Месечина ќе ви донесе интересни убави вести помеѓу среда и четврток.

ВАГА: Тензии…

Драга Вага, вашата недела започнува со два прилично тешки дена, со Месечината во опозиција. Среќна Месечина, сепак, ќе имате меѓу петок и сабота, кога конечно ќе можете да се опуштите по предизвиците од првиот дел од неделата. Не грижете се повеќе од потребното: можете да сметате на заштитата на Венера и на Меркур, кои ќе бидат подготвени да ви донесат многу добри вести и на полето на чувствата и на професионален план.

СКОРПИЈА: Комплициран период
Драга Шкорпија, не е особено среќен момент за вашиот знак, кој ќе мора да се справи со противењето на Јупитер, а во среда и четврток, исто така, со она на Месечината. На работа може да дојде до некое забавување или повеќе пречки, додека во сентименталната сфера неповолниот транзит на Венера може да доведе до дискусии и тензии со партнерот… Обложете се на среќната Месечина во недела.

СТРЕЛЕЦ: Непредвидено нешто…
Драг Стрелец, планетата Венера е повторно активна во ваша корист и се чувствувате полни со љубов и желба! Ако сè уште сте сингл, со овие вибрации нема да имате потешкотии да привлечете некоја посебена личност… Паровите, пак, ќе се впуштат во смели планови за иднината. Обрнете внимание на деновите петок и сабота, кога спротивставена Месечина ќе стигне до планетата Меркур, исто така во опозиција: може да се случи нешто многу непредвидено…

ЈАРЕЦ: Ќе здивнете
Драг Јарец, по не особено среќен период за чувствата, сега конечно ќе можете да здивнете: полесно ќе разговарате со партнерот, ќе се разберете и ќе се помирите. Среќна Месечина ќе имате во среда и четврток, кога може да добиете добри вести на работа. Месечината во опозиција, пак, ќе ви донесе нервоза и кавги во недела, ден кој ризикува да биде доста стресен…

ВОДОЛИЈА: Одвојте време 
Драга Водолија, влегувањето на планетата Венера во спротивност со вашиот знак ве доведе во криза, но секоја криза може да стане добра можност да размислите за она што навистина го сакате: дали сте сигурни дека ја имате вистинската личност покрај себе? Ако сте сингл, дали сте сигурни дека навистина сакате врска? Или можеби чувствувате дека е вистинско време да се посветите на себе? Само вие ги знаете одговорите. Небото ве повикува да одвоите време- за себе.

РИБА: Не плашете се!
Драги Риби, во вашиот живот се случуваат неколку промени и некои од нив можеби ќе ве исплашат. Не грижете се, на ваша страна ги имате и планетата Јупитер и планетата Сатурн, па дури и ако неповолниот транзит на Меркур би можел да ве изнамести, на крајот победата ќе биде ваша! Обложувајте се на среќните денови на Месечината, среда, четврток и недела. А внимавајте на нервозната Месечина помеѓу петок и сабота.

Бакнати од среќа: Три хороскопски знаци ќе „полетаат“ следната недела, едни во љубовта, други во работата и парите

Слични објави

(Фото) Џенифер Лопез ги разгоре гласините за развод: „Не можеш да бидеш во здрава врска со некој кој не е во контакт со самиот себе“

еспресо

(Видео) Нова страшна ситуација за Никола Роквиќ: „Се борев за живот“

еспресо

Астропрогноза за петок, 17 мај: Неочекувани средби за близнаците, непријатни озборувања за водолиите

еспресо

Универзумот ќе ги погали: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа до крајот на мај

еспресо

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

еспресо

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо
Се вчитува....