14:45 - 12 ноември, 2026

НАЈГОЛЕМИТЕ РОМАНТИЧАРИ ВО ХОРОСКОПОТ: Читајте внимателно доколку сте во потрага по роматичен партнер

Станува збор за најдобрите љубовници и романтичари кои ќе ве научат да уживате во малите работи. Па така, доколку барате романтичен партнер, ви советуваме да одберете некој од следниве хороскопски знаци…

Рак

Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.

Лав

Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга. Сака да има конкуренција бидејќи тоа го мотивира уште повеќе да ви се докажува, а за возврат ќе очекува секогаш да го пофалите и да му давате комплименти.

Риби

Нема сомнеж дека Рибите се непоправливи романтичари. Ним никогаш не им е доста од нежност и љубов. Единствена маана им е што не се доволно одлучни и упорни, па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат иако силно ве посакуваат. Очекувајте романтични прошетки по брегот со музика и мирис на цвеќиња. Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и благородност ќе направи да се вљубите до уши.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.
Се вчитува....