15.8 C
Скопје
01:10 - 2 мај, 2024

РАЗГОВОР СО МАРИЈА КОСТАДИНОВСКА: Да се пишува за деца е најтешко, децата се најригорозната читателска и слушателска публика

Разговараме со Марија Костадиновска, дипломиран филолог, професионален едриличар и авторка на книгите за деца „Волшебните прегратки“ (2021) и на „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ (2020) чија промоција ќе се одржи на 24 март, во 19 часот, во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“. 

Деновите на изолација ги искористив во доработка на структурата на приказните и уредување на текстовите, фото – приватна архива

Две книги една по друга, креативно ли го искористи периодот на коронакризата?

– „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ мојата прва книгичка и „Волшебните прегратки“ мојата нова книгичка, навистина излегоа речиси едноподруго, во краток временски интервал. Но тоа е одраз на бранот од креативна инспирација, која ја добив летото пред ковид пандемијата. Така што, оние денови на изолација ги искористив во доработка на структурата на приказните и уредување на текстовите. Се радувам што тие тешки денови ги искористив продуктивно, имагинативно и со многу фантазија.

Зошто литература за деца? Што најмногу те привлекува кон детската литература? Дали е тоа финална одредница?

– Уште како дете кога слушав и читав приказни, знаев да дадам секогаш своја интерпретација и да создавам свој крај и верзија на истите. Знаев и главните ликови ако се момчиња да ги преобразам во девојчиња и обратно. Протагонистите ги менував за антагонисти, а често додавав и нови ликови најчесто мачки и кучиња, но и пајаци, гуштери и што ли уште не. Секоја моја реченица беше: „Но, да си замислиме…“ .Таа моја детска имагинација одеше до бесконечност. Тој мој детски порив за допишување на приказните веќе кога пораснав ме доведе да посакам и самата да ги пишувам. Но, како дипломиран Филолог отсекогаш сметав дека да се пишува за деца е најтешко. Децата се најригорозната читателска и слушателска публика. Бидејќи тие ја носат со себе, својата искреност како критика. Сето ова го прифатив како предизвик и почнав да пишувам за деца, не ми е зацртано како финална одредница, но сега засега, сум во овој магичен детски свет.

Колку е важен процесот на соработка со илустраторите?

– Илустраторите се многу важни во давањето живот на приказната и ликовите. Најважно е стиловите на авторот и илустраторот да се совпаднат и да си прилегаат. Илустраторот ја има најтешката задача, да направи илустрација на веќе однапред замислени имагинативни ликови и приказни. Кога, веќе ќе се склопат енергиите на авторот и илустраторот, се прават пробни илустрации и тука постои простор за дискусии, размена на идеи, мислења и сл. Сѐ останато понатаму е многу лесно. Мојата прва книгичка „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ е креација на маестралната илустрација на Александра Филипоска. Додека пак, новата книга „Волшебните прегратки“ е едно совршенство создадено од Иванка Ниба.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Во изборот на детска литература сепак влијаат возрасните – родителите на своите деца, како може денес да се дојде до детските срца без „посредници“?

– Родителите се тие кои го определуваат и организираат слободното време на своите деца. Тие одлучуваат колку време нивното дете ќе поминува во пишување, читање, гледање ТВ, играње видео игри, користање на телефон или таблет. Родителите играат клучен фактор во одредување на приоритетите за своите деца. Така што, најнапред, сакам моите книги да бидат одобрени од родителите, а потоа и од децата.

Какви книги сакаат да читаат денешните деца? 

– Денешните деца се среќаваат со една голема достапност на најразновидни содржини и информации користејќи интернет. А со тоа и преку една голема леснотија непрекинато учат, апсорбираат и ги спознаваат истите. Така што, новите автори за деца пред сѐ мора да се во тек со новитетите.  Бидејќи денешните деца сакаат приказни кои се интересни, забавни, смешни но и многу поучни. Детето како читател никако не смее да се потцени. Квалитетот мора да биде на првото место. Така што, авторите мора да бидат многу внимателни да создаваат приказни кои се лесни за читање а имаат многу длабоки пораки.

Денешните деца покрај активностите наменети за на училиште, имаат многу дополнителни активности. Посетуваат најразлични курсеви, дополнителни часови, тренираат, така што, нивното слободно време е ограничено и скапоцено.   Ако ние авторите им го привлечеме вниманието со нашите интересни книги и  тие искористат дел од него за читање, тогаш сме ја постигнале целта.

Ако пишувањето е своевидна медитација, што за тебе е едриличарството? Имаат ли нешто заедничко твоите две страсти?

– Сините отворените мориња и хоризонти, со широко отворените едра, за мене преставуваат чувство на незимерна слобода, возвишеност и бесконечност. Сплотување со законите на морето и почит кон истите. Со едрењето чинам вистински се запознав себеси. Суштинското „јас“. А потоа запознав и многу нови нешта, нови места, острови, заливи… Ако погледнете во морските бранови тие наликуваат како еден ракопис, а морето наликува како една голема, сина книга за пишување. Од морето црпам неизмерна инспирација, на моменти чувствувам дека тоа ми потшепнува, или пак пишува во мое име. Зарем тоа не е најјаката поврзаност која сум ја открила?

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....