12.8 C
Скопје
21:42 - 27 април, 2024

РАЗГОВОР СО ЕЛЕНА БУБАЛО: Нема лоша храна, колку што има лоша количина на храна

Со Елена Бубало, биохемичар и фитнес инструктор, разговараме за здравите животни навики, правилна исхрана, вежбање. Но и за нејзиниот нов бренд Avocados и за нештата што ја прават успешна и среќна.

Од каде ја црпиш сета таа енергија? Дали само од вежбањето или и од љубовта кон тоа што го работиш?

– Енергијата во денот е од двете. Едно е јас дека ќе се извежбам и на тоа сум среќна, исполнета и веднаш ми е повеќе продуктивен денот, друга страна е држењето часови, поточно енергија ми даваат сите во денот што знам дека сум успеала да им го разубавам и таква ми е работата да ги правам луѓето среќни и повеќе да се сакаат и почитуваат себе. А децата и Атанас се исто така причината за мојата енергија во денот.

фото- приватна архива

Колку години активно се занимаваш со вежбање и здраво се храниш?

– Јас сум играорка од 7 години. И тоа супер активна, за некој што не одел на играорна може ќе звучи смешно, ама и тоа и те како одлична физичка активност. А со рекреативно спортување и држење часови се занимавам скоро 13 години, понекогаш не ми се ни верува колку време поминало бидејќи буквално уживам во работата и среќна сум со нејзе. А со правилна исхрана, помалку, искрено не знам кога почнав да внимавам. Тоа е поврзано со мојата едукација. Кога почнав да се едуцирам за тренер тогаш почнав да читам и учам за исхрана, плус ја применив и мојата прва струка – биохемичар, и така почнав полека да менувам одредени навики. Не беше тоа воопшто лесно. Буквално требаше сè да сменам, од јадење тост на факултет, па доаѓање дома, имам за учење, па земам нешто набрзина да намачкам на леб. Па вечерта учам до касно, и грицкам нешто. Не потекнувам од спортска фамилија или фамилија која била едуцирана за исхрана, морав против сите дома да менувам дел по дел, за денес сè тоа да ми стане секојдневие и дури не ни гледам на него како внимавање на исхрана.

Кое е твоето омилено јадење и дали тоа секогаш значи здрава храна?

– Омилено јадење засекогаш ќе ми бидат тестенини и тоа не ми треба најубавиот сос на светот. Едноставно макарони или домашни јуфки со сиренце и некој домашен кечап , мислам дека можам секој ден да јадам тоа. И да се разбереме, нема лоша храна колку што има лоша количина на храна што во текот на денот може да се внесе во нашето тело. Затоа не ми е забранета да ја јадам таа храна, ама едноставно можам цело тенџере да изедам и тука е проблемот. Затоа си варам мерена количина и си јадам, не секој ден, но кога ќе ми се пријаде без грижа на совест.

Што најмногу сакаат да јадат твоите деца?

– Ах, со мали деца понекогаш мислам дека ништо не сакаат да јадат. Толку се трудам, само нешто измислувам во кујна сè со цел ним да им сменам нутритивно богат оброк, а тие воопшто да не сакаат ни да пробаат, и тогаш домашен хумус намачкан на домашно лепче е нешто што можат без престан да јадат.

фото- приватна архива

Колку често вежбаш и по колку време?

– Вежбам 6 пати во неделата, по еден час. Но зависи каква програма имам неделата не значи тоа дека сите 6 часа се интензивни и дека е тоа правило и секој треба толку да вежба. Мене ми е тоа работа, лесно достапно и ми помага да се носам со секојдневните обврски.

Ќе сакаш ли да споделиш со читателите едно твое дневно мени?

– Пак ќе се повторам, заради децата секој ден различно се готви дома, ама еве ако тоа го исклучам:
појадок – најлесно, брзо и балансирано ми е протеински пудинг, кој го правам со грчки јогурт или додавам и извор на протеин во прашок но и не мора, малку вода, замрзнато шумско овошје, лажичка путер од кикиритки, цимет, 3 лажици овес и 1/3 банана. Сè тоа во блендер, заради мала количина на вода излегува густо и уживам во таков појадок, благ и правилно избалансиран.
Ужинка знае да ми биде една кришка леб намачкана со авокадо и урда или 1 јајце.
Ручекот е секогаш различен, ама генерално тоа е зеленчук, или како манџа или салата со парче месо. Вечера – омилена ми е туна салата или ако во појадокот немало јајца тогаш си правам омлет, со многу сезонски зеленчук и некоја житарка – или кришка леб или варена киноа хељда, просо.

Онлајн вежбање vs вежбање во сала?

– Да ме прашаше ова пред 2 години ќе се смеев и ќе речев дека дома вежбање шанси нема. Ама толку се сменија работиве овие две години, па дури и мене не ми се верува дека од 6 тренинга во неделата 3-4 ми се дома. Онлајн вежбањето е многу ефикасно особено за мајките кои се секој ден во брзање, па и не мора само за мајките, едноставно се штеди време и не се губи време во автомобил и барање паркинг. Иако се вежба „онлјан во живо“, како што држам јас часови, нема забушавање како што мислат дел од луѓето. Ми викаат „ааа, не сум за онлјан, ќе забушавам“, им велам – дојди еден час да видиш како сè гледам и како е исто мотивирачки. Во сала има поголема енергија, дружба, сепак сме социјални битија и сакаме луѓе особено после пандемијава. Има повеќе опрема. Може да кажам дека е и предизвик меѓу вежбачите, па се договараат како да го извежбаат тренингот. Но квалитетен тренинг има на двете места доколку тренерот знае да го направи тоа.

фото- приватна архива

Колку вода треба да конзумираме дневно?

– Според мене минимум 2 литри во текот денот. Јас пијам 3 литри и повеќе. Да не заборавиме дека организмот има систем кој се вика жед и јас ретко ги терам и зборувам за пиење вода. Но на толку луѓе дознав дека има такви кои немаат навика да пијат вода и затоа е важно да ставиме некој минимум на дневен внес, да го имаат како обврска, бидејќи нема сега да зборуваме колку хидратацијата е важна за нашето тело и здравје.

Кои се бенефитите од вежбање?

– Придобивки од вежбање има многу. Да почнеме од подобро расположение, концентрација во текот на денот, поквалитетен сон. Нешто што може да се почувствува како придобивка и после првиот час и тие се причините кои не тераат да вежбаме на долг рок. После тоа, подобро кардиоваскуларно здравје и намалување на ризикот од срцеви заболувања, регулирање на крвен притисок, густина на коски и многу други параметри за здравје, а и намалува ризик и за одредени хронични заболувања. На крај ни помага во регулирање на нашата тежина и целокупното ментално здравје.

Со каква исхрана до здравје и добра линија?

– Избалансирана исхрана со правилен сооднос на макронутритиенти јаглехидрати, масти и протеини. И што повеќе разновидни намирници за да може да се внесат микронутритиенти како витамини, минерални, масни киселини кои се потребни за правилно функционирање на нашата клетка. Да не се следат ригорозни диети, не секоја диета делува исто кај секого па така доаѓа до здравствени проблеми наместо да се добие саканиот резултат. Не барајте брзи резултати, тие не може да се здрави. Едноставно решете се дека сакате да направите промена, јадете балансирани оброци како што спомнав погоре, не грицкајте измеѓу оброците ништо освен чај и кафе. Не јадете од здодевност, но исто така и не си забранувајте храна затоа што не е здрава. Гледајте на вкупниот внес на храна во текот на денот. Не сме роботи, но исто така не живееме само за да јадеме, туку јадеме за да преживееме и да имаме поквалитетен живот.

Збор-два за Avocados приказната?

– Исполнување на мој сон со помош на Маја, почна прекрасно, моментално заради целата економска криза сме малку успорени со целиот проект. Патувањата се ограничени, а за целиот проект се многу важни. Авокадос е со замисла да биде со сезонски лимитирани и креаторски парчиња за секој да се чувствува посебно.

Се чувствуваш ли успешна?

– Па моментално да, но нели секогаш сме ненаситни. И пробувам на поинаков начин да ја гледам успешноста. Во моментов е тоа мајка на две деца и сопруга, здрава фамилија околу мене и работа која ја сакам и ми овозможува пристоен живот. Пробувам да го контролирам ова и да ми е цело време во главата кога и да посакам нешто ново.

А среќна си?

– Многу.

Свесна ли си за влијанието што го имаш врз другите и како сакаш тие да те разберат?

– До пред некое време напорно работев да пренесувам корисни информации и не бев баш свесна дека до толку влијаам на луѓето. И сега продолжувам со исто темпо ама со повеќе повратни информации за тоа и така станав повеќе свесна. И сè уште имам енергија од срце безрезервно да споделам тоа што знам и тоа што сметам дека може, барем во денот личност ќе променам кон подобро. Не може да ме разбере секој како што сакам. Единствено сакам луѓето да не се навредуваат или да се наоѓаат во одредена тема и муабет кога не им одговара лично. Па тука стануваат навредени или повредени. Не може сè да ни одговара што ќе слушнеме, може се пронаоѓаме дека ги правиме тие грешки и не ни одговара некој искрено за тоа да зборува. Сè е тоа нормално, не може да слушаме само работи кои ни одговараат.

фото- приватна архива

Што би сакала да ти се оствари оваа година?

– Да останеме живи и здрави и без пречка да отидеме на саканите дестинации со децата оваа година.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....