17.8 C
Скопје
14:14 - 18 октомври, 2026

(ФОТО) НАЈСТАРАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ГО ПРОСЛАВИ 119-ТИОТ РОДЕНДЕН: Кејн Танака ужива кога пие газирани пијалаци и јаде чоколада

Јапонката Кејн Танака го прослави својот 119 – ти роденден, велејќи дека е одлучна да го продолжи рекордот за уште една година, пренесе британски „Гардијан“.

Кејн Танака која живее во домот за стари лица во префектурата Фукуока во југозападна Јапонија сака газирани пијалоци и чоколадо, пренесуваат медиумите.


Гинисовата книга на рекорди ја призна возраста на Танака во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Таа го постави јапонскиот старосен рекорд на сите времиња кога достигна 117 години и 261 ден во септември 2020 година.

Танака која е родена во 1903 година, преживеа пет јапонски царски владења и се надева дека ќе го доживе својот 120-ти роденден, објави новинската агенција „Кјодо“.


Во проценката објавена во септември во пресрет на „Денот на почит кон старите лица“, јапонското Министерство за здравство соопшти дека во Јапонија има рекордни 86.510 луѓе на возраст од сто или повеќе, што претставува зголемување за 6.060 во однос на претходната година.

Жените го сочинуваат огромното мнозинство на стогодишници, а мажи има нешто повеќе од 10.000, соопшти јапонското министерство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NORTHEAST TODAY (@northeasttoday)


Кога истражувањето за прв пат било спроведено во 1963 година, Јапонија имала само 153 стогодишници, но бројот до 1998 нивниот број се искачил на над 10.000.

Поросечниот животниот век во Јапонија исто така е на рекордно високо ниво, со просек од 87,74 години за жените и 81,64 за мажите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)


Но, поразителен е фактот што бројот на млади се намалува поради неуспешните обиди да се подигне нискиот наталитет во земјата.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....