0.8 C
Скопје
18:04 - 18 јануари, 2025

(РАЗГОВОР) ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ: Хемија или глума – испреплетена страст и љубовен занес меѓу Павле и моделот Бојана

Публиката го запозна со „Мала Италија патува”, остана доследен на италијанската нота и стил и доследен на својата публика. Павле Камилоски сега ја промовира својата авторска песна „Универзумот си работи за нас“, песна и видео запис во која доминира љубовта и страста.

Како се создаде „Универзумот си работи за нас“?

– По завршувањето на „Љубовна Рапсодија” веднаш почнав да размислував за мојот следен проект. Уште пред две години Тара ми испрати демо за кое се чини дека требаше да созрее. Цело лето се развиваше песната во еден заеднички процес проследен со многу љубов, трпение, посветеност, разговор и по некоја чаша добро вино (се смее, н.з).

Кој е тимот со кој што соработуваше?

– Тимот го сочинуваат професионалци, дел од нив мои добри пријатели, во кои имам неизмерна доверба, кон тоа што се тие и кон работата што ја создаваат. Песната, аранжманот и текстот се дело на Александар Тарабунов – Тара. Спотот го режираше Александар Ристовски – Принц заедно со неговиот тим.  Придружните вокали ги снимаше Сара Пројковска, додека трубата ја снимаше Сенад Хусеин.  За стајлингот се погрижи МалаКамила. Како главен лик во спотот се појавува, прекрасната и шармантна млада дама, моделот Бојана Нушкова.

Фото – приватна архива

Спотот несомнено ќе ни украде воздишка и ќе ни ги разбуди сите сетила кога ќе го погледнеме. Чија беше идејата за целосното сценарио?

– Многу е лесно да се твори кога имаме јасна визија, која секогаш заеднички ја развиваме. Јас ја имам идејата во глава, а потоа следува креативниот процес на Brainstorming и развој на истата. Принц умее со камерата да создаде една проекција која го отсликува токму она што сум јас, а тоа се должи на нашата долгогодишна соработка, но и пријателство. Сите мои видео спотови се плод на заедничка работа, инспирирани од многу љубов кон креативниот процес, многу страст, спонтаност и доверба.

Љубов, страст, среќа…прекрасни емоции кои ги делите со Бојана. Само глума, или нешто повеќе?

– Несомнено е дека треба да лебди хемија во воздухот, допадливост, но и многу почит за време на целиот процес. Во спротивно, крајниот резултат не би бил она што е сега. За време на снимањето со Бојана, ќе бидам искрен ако кажам дека бевме двајца актери кои професионално ги одиграа своите улоги.

Фото – приватна архива

Од каде ја црпиш инспирацијата за убавите текстови?

– Се’ уште не ми дошол момент и порив на искажување на чуствата на хартија. Досега сите текстови се напишани од други лица, а јас несомнено сум им влијаел на начин за да ги инспирирам со тема или чувство кое го носам во себе, со насока во пишувањето или пак некој свој збор. Само овака би можел текстот да го залепам на мојата душа и да го отпеам како свој.

Што е следно што ќе видиме и слушнеме од Павле Камилоски и кои се идните планови?

– Се разбира дека имам план за идни проекти, тек сум на почеток. Hо, во принцип сакам да зборувам за работите кои се веќе реализирани, а не за работите кои ми претстојат. На една идеја и треба време да созрее и да мине низ креативен процес за да се создаде.

Фото – приватна архива

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....