11.8 C
Скопје
09:17 - 20 април, 2024

ПРЕПОРАКИ НА ФРЕНКИ: Билкарот кој скоро 30 години советува на пазарче Буњаковец – Не се обидувам да бидам доктор, туку билкар, да му помогнам на муштерија пред дијагнозата!

зачини буњаковец билки

На пазарот Буњаковец има тезга со егзотични производи меѓу кои зачини и билки, уредно спакувани и понудени од Владо Френки и дисциплината која ја добил од воената гимназија. На педантната и посебна тезга на билкарот кој нема мобилен телефон, тој нè советува како да се грижиме за здравјето со помош на природата.

Дали има интерес за егзотичните зачини што ги нудите?

– Бавно оди ама се бара, сè се бара. Посебно младите бараат во последно време. Тие се интересираат и едуцираат што е супер од моја гледна точка. Битно е што се интересираат, дали од здравствени причини или поинаков начин на исхрана, битно е човек да го има тоа во предвид. Дали ќе му користи сега или за десет години.

 

буњаковец зачини
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

 

Каков е вашиот пристап кон билкарството?

– Овде сум на оваа тезга од ’93та година, скоро триесет години, имам големо искуство и имам вложено многу труд и знаење. Треба да си заинтересиран за нешто. Не се обидувам да бидам доктор, туку тревар, да му помогнам на муштерија пред дијагнозата. Ако некој ми бара чај без дијагноза ја поништувам докторската професија. Ги деградирам докторите. Се обидувам кога ќе ми дојде човек на тезга да тоа биде превентива. Да не биде лек, да биде храна.

буњаковец пазар тезга зачини билки чаеви
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

– Грешка што прават луѓето е: ќе користат зачин или чај, ден, два, три и сакаат подобрување. Треба да имаш карактер. Кога имаше некој проблем, кога ќе се реши тој проблем, да продолжиш како да го имаш тој проблем, а не немам проблем, сега не ми треба ништо. Кога има поплава ја санираме истата, но не правиме за да не се повтори. Така и кај човекот. Треба сè што му се случува да не се повтори и да продолжи со терапија, третман или начин на исхрана. Треба да е одмерен во сè. Во телото се наталожуваат токсини кои тешко е да се исчистат.

буњаковец френки цимет
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

– Јас сум веган последниве 10 години. Србин веган сум, тешка работа (се шегува н.з.). Имав проблем со месо па го исфрилив, после си дојде и чипсови, ресана, медењаци…, само направив грешка и веднаш престанав. Ако нешто давам препорака е сè што се исфрла да биде умренео. Полека да се исфрла и да се надомести со друг продукт, пример ако се исфрли шеќер да се замени со овошен шеќер за да се стабилизира организмот, да нема шок.

Кои билки би ни ги препорачале што мислите дека треба да ги знаеме и каков совет имате за консумирање?

– Во ова нервозно време на живеење билки кои помагаат се планински, шумски, мајчина душица, нане, камилица, а специфични чаеви што помагаат се маточина која делува смирувачки, босикок исто за инхалација, за дишни патишта.

За болна менстриација се пие бисерок.

чаеви буњаковец
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Смил е чај за искашлување, за шлајм ако имате проблеми со бели дробови,
тегавец, го земаат за чистење на бели дробови тие што сакаат да се откажат од пушење.

Бабин заб е чај кој треба малце претпазливо да се користи. Тој е многу корисен. Забрзува циркулација на крвта, помага при потенција ама од друга страна може да предизвика висок притисок. Затоа докторите прпеорачуваат на своја рака ништо.

– Да напоменам да не се мешаат чаеви. За секој чај треба да знаете дијагноза. Чај кога се користи треба да знаете како делува на организмот. Има чаеви што може да предизвикаат алергија.

Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Слични објави

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо
Се вчитува....