15:23 - 9 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значителен пораст на температурите, еве од кога!

– Како што најавивме, под влијание на јужно воздушно струење од утре па натаму ќе имаме ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот и во следните денови максималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, најавува нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, уште потопло ќе биде за време на викендот, кога на некои места температурите ќе се искачат дуру до 25 степени. Времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион од утре температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 21 степен. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....