4.8 C
Скопје
07:57 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) НАША ФРИЗЕРКА СОЗДАВА УМЕТНОСТ ОД ОСТАТОЦИ ОД КОСА: Светлана од Кривогаштани е вистинско чудо!

Светлана Зуламоска Гроздановска

Во ова (не)време во кое живееме единствена утеха и инспирација се луѓето кои секојдневно создаваат уметност. Една таква личност која плени со креативност е Светлана Зуламоска Гроздановска од Кривогаштани.

По професија сообраќаен инженер по транспорт, но во душа голем уметник. При крајот на студиите на Техничкиот факултет во Битола, за среќа решила да „скршне“ од патот и се запишала на курс за фризери. И оттаму, започнало сè.

Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива, Гоце Арнаудов

Светлана која е вашата приказна? Како од сообраќаен инженер станавте тоа што сте денес?

– Фризерската работа ја сакав и ми беше хоби уште како мала. Ги стрижев другарките и уживав кога ќе ми дозволеа да испробам нешто на нив… Иако не беше секогаш успешно тоа што ќе го направев од нивната коса. Тогаш имав 15 години а можеби и помалку. Курсот за фризери го запишав на 20 години заедно со мојата помлада сестра со која и ден денес работиме заедно. Нашата работа слободно можам да кажам дека е креативна уметност во која постојано имаме можност да учиме нови техники како во фризерството така и во шминката која е составен и неизбежен дел, барем според мене, за секој салон за убавина каде клиентот треба да излезе комплетно среден.

Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива, Тоше Проески

Вашиот креативен медиум е цртање со најразлични бои и материјали. Како го откривте својот талент, колку време цртате од каде црпите инспирација?

-Ја сакам уметноста и сè што има допрено, таа ме допира мене. И кога фризирам и кога шминкам јас тоа го доживувам како кога сликам. Сликам портрети на хартија кои од неодамна ми се и хоби и преокупација надвор од мојата работа во салонот. И да. Она по што сум препознатлива тоа е сликањето со коса.

Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива, Тина Тарнер

Ќе можете ли да ни кажете нешто повеќе за вашата оригинална техника – цртање портрети со коса. Како почна таа приказна?

-Идејата се случи во мојата глава кога посакав да насликам нешто на подот со отпадоците од коса од нашите клиенти. Наместо да ја соберам и фрлам во корпа, почнав да сликам со неа. Ружи, цветови, животни и многу повеќе портрети. Сликам ликови на јавни личности бидеќи тие и логично е да го привлечат вниманието на секој човек. Со многумина од нив стапив во контакт како со домашните така и со странските ликови. Секој од нив беше воодушевен од сопствениот портрет посебно дека е работен со необична несекојдневна техника ,,сликање со коса’’… Најчесто сликам после работа кога е празен салонот за да сликам во мир и да не би бил изгазен портретот. Потоа го фотографирам и барам мислење од мојата ќерка која точно знае каде треба нешто да се поправи. Таа ја има наследено дарбата за уметност од мене. По неколку часа ја собирам косата за подот да биде чист и спремен за нови предизвици.

Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива, Џејмс Дин

Дали луѓето покажуваат интерес за вашата уметнст, што најчесто бараат?

Многу често луѓето бараат да им насликам портрет од коса за свој мерак или за посебни моменти. Сликам со различни материјали како камчиња, лисја во разни бои, со молив, со коса. Најважно во сето тоа е да се најде инспирација и желба. Тогаш и отпадокот од коса и подот од плочки ќе бидат доволни да направите уметност, несекојдневна, уникатна, да го изразите и покажете тоа што е во вас.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива,  Ѓорѓи Колозов
Светлана Зуламоска Гроздановска
Фото: Приватна архива, Здравко Чолиќ
Фото: Приватна архива

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....