15:33 - 29 ноември, 2026

ПРОГНОЗИТЕ НА ПОПОСКИ СЕ ОСТВАРИЈА, НОВАТА НАЈАВА Е: Снегот пристигна на Копаоник, кај нас доаѓаат минусни температури!

Како што и беше најавено од нашиот метео прогнозер Славчо Попоски, студениот воздушен бран од север и од североисток стигна во сосетството и го донесе првиот снег. Снег во моментов врне на Копаоник, Србија.

Таму веќе има и тенка снежна покивка, додека температурата се спушти до неверојатни 0 степени.

Студениот бран ја зафати и Македонија, и тоа особено северната половина а до вечерва ќе ја зафати цела Македонија. Истиот ќе услови умерен до засилен северен и северозападен ветер и повремен локален дожд.

–Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и првиот снег за оваа сезона, нагласува Попоски.

Овој студен бран е невообичаен за овој период од годината, а ново затоплување на времето ќе имаме веќе од петок па натаму.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....