5.8 C
Скопје
00:38 - 19 април, 2024

(ФОТО) ИНСПИРАТИВНИ ПРИКАЗНИ: Чудо што преживеале, а денес ги уриваат границите на невозможното

Парајавачката Беатрис де Лавалет и парапливачката Хејвен Шепард спортскиот пат ги одвел ова лето на исто место – Токио. Но и двете имаат нешто заедничко што е повеќе од самото настапување на параолимписките игри. И двете преживеале напад на бомбаш-самоубиец, после кој останале со исти последици, без две нозе.

„Ќерко моја, гледај ме: можам да пливам многу брзо, иако немам раце!“, оваа фраза го направи глобално славен кинескиот пливач Женг Тао (30), трогнувајќи ги сите на Параолимписките игри во Токио. Сите негови златни медали беа и параолимписки рекорди. Двете раце пливачот ги загубил во несреќа, уште како дете. Ова е само една од бројните потресни, и истовремено, охрабрувачки животни приказни, кои стојат зад спортистите кои, до денес, ги гледавме како се натпреваруваа на Параолимпијадата, пред сè – со самите себе. Меѓу сите овие 234 борбени и насмеани лица, се и двете животни приказни на парапливачката Хејвен Шепард и парајавачката Беатрис де Лавалет кои имаат нешто заедничко – и двете преживеале бомбашки напад и останале со исти последици, без две нозе. Гледајќи на настаните што им го обележале животот, чудо е што воопшто преживеале и што во животот се избориле за можност да се натпреваруваат на Игрите.

Една цел – да го продолжи животот на позитивен начин

Беатрис де Лавалет имала само 17 години кога животот драстично ѝ се променил. Младата Американка тогаш живееле во Белгија поради работа на татко ѝ. Тој 22 март, 2016., се нашла на аеродромот „Завентем“ во Брисел, со идеја да отпатува во САД на пролетен одмор. Следното нешто на кое се сеќава е темнина и чувството дека се крева од земја. Случајно, Беатрис стоела точно покрај бомбаш-самоубиец, се допишувала преку телефонски пораки со својот брат и слушала музика. Кога се освестила, по цел месец поминат во кома, ѝ рекле дека е една од 300 -те луѓе кои биле повредени откако аеродромот „Завентем“ бил погоден од двојни експлозии при кои загинаа 32 лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beatrice De Lavalette (@beatriceldl)

Освен што ги загубила двете нозе од потколениците надолу, таа се здобила и со изгореници од втор и трет степен и повреда на ‘рбетниот мозок. Само шест години подоцна, 22-годишната јавачка на коњ се натпреваруваше на годинешните Параолимписките игри.

Од сè што преживеала во животот, најтежок бил процесот на стабилизирање на менталната состојба. Откако излегла од кома, секојдневно плачела, а најголема поддршка ѝ било семејството. Јавањето коњ за неа значело исцелување, обид да се врати на нејзиниот вообичаен живот пред несреќата. Се сеќава дека на почетокот буквално немала мускули, била „коска и кожа“. Но, по неколку месеци успеала да ги обнови мускулите и упорно да работи на својот баланс. Имала една цел – да може да го продолжи животот на позитивен начин. Како награда за напорната работа, пристигнала поканата за Игрите.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram

Засолниште на верата

Хејвен Фејт („засолниште на верата“) го добила името од нејзините посвоители кога имала 20 месеци, а денес тие се луѓето што таа ги нарекува родители и кои ѝ го дале токму она што ѝ треба – засолниште. Точно половина година претходно, во Виетнам, девојчето родено како Фуонг Тви До, биолошкиот татко ја заврзал за себе и мајка ѝ, и активирал бомба. Причината била што двајцата биолошки родители извршиле прељуба, а во виетнамското општество ова се смета за голем грев и срам. Родителите не ја преживеале експлозијата на бомбата, додека едногодишното девојченце, како вистинско чудо, се спасило, но ги загубило нозете.

Дедото и бабата не можеле да се грижат за неа поради сиромаштија и одлучиле да ја дадат на посвојување, а наскоро девојчето од Виетнам се преселило во американската држава Мисури. Нејзиниот нов татко, Роб, пред средбата со девојчето страдал од депресија поради смртта на неговите брат и татко, кои се случиле една по друга, за краток временски период. Но, откако Роб и Шели Шепард ја посвиле Хејвен, им се вратила и животната радост.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haven Shepherd (@havenfaithshepherd)

Хејвен почнала да плива на 10 годишна возраст и многу бргу го покажала својот талент. И покрај целата животна несреќа која била зад неа, медиумите ја опишувале како позитивна и инспиративна личност.

Парапливачката покрај спортската кариеа гради и кариера на модел и на мотивациски говорник. Во американските училишта, денес 18 годишната Хејвен со својата животна приказна ги инспирира и учи децата дека е сосема во ред да се биде поинаков.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram

 

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....