20:55 - 8 ноември, 2026

(ФОТО) ЗЛАТЕН РЕТРИВЕР НИ ГИ СТОПИ СРЦАТА: Секоја вечер го гледа залезот на сонцето од исто место

Кучето ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со својот вечерен ритуал – гледање на залезот на сонцето, а подоцна му се придружи и неговата најдобра пријателка – мачката.

Домашните миленичиња имаат моќ да изнудат насмевка и во најлошите моменти и да ги стопат нашите срца со нивните постапки.

Видеото од златниот ретривер што го гледа зајдисонцето од истото место секоја вечер ги воодушеви гледачите ширум светот.

тикток

Многумина веќе го нарекуваат „старецот во кучешко тело“, бидејќи, како да е пензионер, ужива во зајдисонцето на својата тераса. И тоа секоја вечер.

Неговата сопственичка Кателин Насар сподели слатко видео со текст: „Моето куче седи на истото место секоја вечер и го гледа зајдисонцето“.

Видеото стопи многу срца и собра неколку милиони прегледи.

По првото видео во кое Кетлин го сними своето куче, доби бројни коментари за тоа дека треба да му се придружи. И подоцна, таа навистина седна до него.

тикток

Но на друго видео се гледа дека ретриверот веќе си има придружник во гледање зајдисонце – неговата пријателка мачка.

тикток

 

Видеото погледнете го на линкот – ТУКА. 

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....