14.8 C
Скопје
21:59 - 1 октомври, 2026

(ФОТО) ПРИЛЕПЧАНКАТА ВЕСНА КОНДОСКА ГИ ПОБЕДИ КИЛОГРАМИТЕ: Пред да достигне 100 кг, побара совет од нутриционист!

Весна беше свесна дека прекумерната тежина е од неправилни и нередовни оброци. Како и сите остнати, така и таа, пробувала многу универзални диети кои ги чувствувала како мачење и килограмите потоа секогаш се враќале, но…

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ на чекор пред есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена Мирческа, приватна архива

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на прилепчанката Весна Кондоска што своето искуство го сподели со нас.

– Весна беше свесна дека прекумерната тежина е од неправилни и нередовни оброци. Како и сите остнати, така и таа, пробувала многу универзални диети кои ги чувствувала како мачење и килограмите потоа секогаш се враќале, од причина што тие се неизводливи да се практикуваат на долг рок. Пред да ја достигне 100-ката во килограми, таа побара помош од нутриционист. Принципиелноста на тоа што и било дадено доведе до намалување на килограмите и обемот, зголемување на самодовербата и енергијата и волјата за оджливост на таквата состојба не е завршена дури и по прекинувањето на програмата на која што беше. Најдобриот дел во нејзината приказна е што домашните го прифаќаат новиот начин на исхрана и сите ги добиваат истите придобивки како и таа, намалени килограми и подобрено здравје и виталност, објаснува нутриционистката Елена Мирческа.

Весна пред
Весна потоа

 

Слични објави

(Фото) Прекрасната Елена Реи на модна ревија во Милано — заблеска во креација на македонскиот дизајнер Марков

К.С.

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо
Се вчитува....