23.8 C
Скопје
16:01 - 19 октомври, 2026

Животната приказна за Мерилин Монро во Венеција, а на „Нетфликс“ на 28 септември ВИДЕО

Руссокоса“ („Blonde“) на Ендрју Доминик беше премиерно прикажан со 14-минутни овации на филмскиот фестивал во Венеција.

Ана де Армас,  ја игра Мерлин Монро во оваа филмска приказна Присутна беше и Диди Гарднер, која е и меѓу продуцентите на „Blonde“.

Биографската драма, работена според истоимениот роман на Џојс Керол Оутс, е еден од најочекуваните наслови на фестивалот поради изборот на Де Армас за улогата на холивудската икона.

„Blonde“ го обработува животот на Монро, од нејзиното турбулентно детство како Норма Џин, преку нејзиниот подем до светска слава. Во споредните улоги се Боби Канавале, Броди, Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс. Филмот дебитираше во главната конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција.

Пред светската премиера, „Blonde“ доби критики од гледачите на социјалните мрежи за кастингот на Де Армас. Гледачите се пожалија на нејзиниот акцент во трејлерот, велејќи дека таа го задржала кубанскиот акцент и не го канализирала вокалот на Монро.

Во интервју за „LA Times“, 34-годишната актерка рече: „Ги анализирав изразите на лицето, устата, усните, начинот на кој ги покажуваше долните заби. Гласот на една личност е повеќе од специфичен акцент. Тоа кажува многу за една личност“.

Покрај тоа, Ана де Армас рече дека верува дека гласовното глумење на Монро е израз на нејзините емотивни потреби и тага и додаде дека секој ден поминувала по 12 часа на сетот на филмот, по што работела со професорка за акцент уште три часа.

Netflix ќе го објави „Blonde“ на стриминг платформата на 28 септември.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....