15:29 - 9 ноември, 2026

Tарантино се огласи по холивудските озборувања – плива во богатство, а на својата мајка не ѝ дал ни скршена пара

Квентин Тарантино, сценарист, филмски режисер и легенда на светската кинематографија, одговори на гласините дека никогаш не купил ништо за својата мајка откако се збогатил, ниту пак ѝ дал пари пренесува Мондо.

Режисерот познат по филмовите „Pulp Fiction“, „Reservoir Dogs“, „Kill Bill“ чие вкупно богатство се проценува на 120 милиони долари, изјави дека пишувањето го направило неуспешен на училиште, поради што неговата мајка му рекла дека е неспособен. Таа ја исмевала и неговата кариера и работа, пренесува Мондо.

– Секогаш ми велеше: „Што ќе ти е оваа писателска кариера?“, а додека го кажуваше тоа, со прстите покажуваше наводници. Таа зборуваше дека и дека „е готово со моите глупости“. Кога ќе ми го кажеше тоа толку саркастично, ѝ велев: „Кога ќе станам славен, нема да видите ни денар од мојот успех“. Нема да добиете ништо. Затоа што ти рече така. И јас останав на зборот, објасни Тарантино.

Славниот режисер и неговата мајка биле напуштени од неговиот татко пред да се роди Квентин. Кога имал четири години, мајка му се преселила со него во Лос Анџелес, а љубовта кон киното на Квентин ја разбудил неговиот очув.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....