14.8 C
Скопје
22:27 - 7 мај, 2024

Нѐ чека најтешка зима, Владата има план без рестрикции на струја

Овие есен, зима и пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го издржиме, рече премиерот Димитар Ковачевски откако заврши седницата на Советот за безбедност.

Енергетската криза и како таа да се надмине беше темата на седницата на која беше презентиран новиот енергетски план според кој се планира зголемување на домашното производство на струја за 25 отсто.

За спроведување на мерките, односно обезбедување субвенционирана енергија за граѓаните и малите претпријатија, ќе бидат потребни околу 300 милиони евра, за следните два квартали, рече  Ковачевски, а Министерството за финансии веќе работи на  нивно обезбедување.

„Оваа горлива тема е во фокус веќе подолго време, кризата трае одамна и од последниот квартал минатата година и ние како Влада, како држава преку антикризните мерки ефикасно се справуваме со неа и овозможивме ценовните шокови да се ублажат и за граѓаните и за стопанството. Но во моментов ситуацијата на светско ниво е алармантна, цените на берзите се превисоки, постои реален проблем со недостаток на електрична енергија во Европа. Повеќепати спомнувам, ова ќе е најтешката зима во поновата светска историја“, изјави премиерот Ковачевски.

Според новиот енергетски план не се очекуваат рестрикции за потрошувачите ако нема испади во системот.

„Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија оваа година ќе го зголемиме за 25 отсто. И реализацијата на планот ќе ја следиме секојдневно. Ќе го следиме спроведувањето на задачите кои се дадени на ЕСМ компанијата и тоа почнувањето со третиот блок во РЕК Битола, почетокот на работа на вториот котел на резервната ТЕЦ Неготино, работата на хидроцентралите и многу важно користењето на целиот потенцијал и ставање во функција на когенеративната гасна централа ТЕ-ТО во Скопје и пред се и за време и по грејната сезона како и користење на сите обновливи извори на енергија на сонце, ветер и вода“, додаде Ковачевски.

Тој објасни дека во најтешкиот период почнувајќи од 1 октомври до следниот 1 април 2023, на сите македонски граѓани, на сите домаќинства, ученици, студенти, на сите бизниси целт е да им овозможи најниска цена на електрична и топлинска енергија, по сегашната цена, со ефтина тарифа на струја.

Ковачевски апелираше и граѓаните и бизнисите, да штедат електрична енергија зашто ситуацијата, како што рече, е алармантна.

„Ова е ужасно тешка ситуација. Но, нема предавање, и јас немам намера тоа да го правам. Оваа есен, зима, следната пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го издржиме и пребродиме заедно. Планот за тоа е договорен, денес презентиран и во претстојниот период веќе се работи на негова реализација. Веќе работиме за нов енергетски план за следната пролет, и дополнително на план за максимално зголемување на домашното производство на храна кој што исто така е еднакво значаен процес“, изјави премиерот Ковачевски.

Слични објави

Колку чини Евровизија: „Солени“ цени се во игра

еспресо

(Фото) Катарина Ивановска го покажа новиот дечко: Манекенката уживаше со него во Италија

Еспресо

„Игра како стриптизерка, како да…“: Српскиот пејач жестоко удри по Теа Таировиќ

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ направи добро дело, па сега мора да оди на суд поради тоа!

Еспресо

Петар Грашо го коментираше доаѓањето на новороденчето: „Нè радува што гледаме колку луѓе се радуваат со нас“

Еспресо

Ана Николиќ се вселила во стан кај Рале, соседите открија мрачни тајни: Се расправаа со недели

Еспресо
Се вчитува....