12.8 C
Скопје
21:27 - 19 октомври, 2026

Мазут и јаглен од Грција и голема инвестиција договорил Ковачевски со Мицотакис

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Атина со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис изјави дека е постигнат договор со Грција за непречено снабдувањето со лигнит и јаглен од тамошните рудници во текот на четвртиот квартал од годинава и првиот квартал од наредната година за да може РЕК „Битола” и РЕК „Осломеј” непречено да работат.

На средбата, се разговарало и за проекти кои се однесуваат на енергетската трансформација, прво во однос на изградбата на гасоводот преку Грција, интерконекторот Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино.

Ако се тече според планот, би требало изградбата да почне до крајот на годината.

– Втората најавена инвестиција од страна на грчки инвеститори е големата гасна централа со капацитет до 200 мегавати, којашто тие изразија желба да ја градат во Северна Македонија. Веќе се отпочнати анализи и штом ќе бидат завршени ќе може оваа голема инвестиција да биде претставена во Владата  и во Собранието како стратешка инвестиција која што ќе треба да обезбеди дополнителни количества електрична енергија за Македонија, меѓутоа и за регионот, рече Ковачевски.

Станува збор за инвестиција на една од најголемите грчки компании „Митилинеос“, која е од огромно значење за грчката економија, и која најави интерес за изградба на когенеративна гасна електрана во Скопје, која ќе произведува и електрична и топлинска енергија.

Ковачевски и Мицотакис разговарале и за проектот „Чебрен“ за кој е отпочната процедурата и по голем број неуспешни обиди конечно има понуда од грчката компанија ППЦ. Ковачевски посочи дека понудата ќе помине евалуација низ нашите комисии и институции и доколку евалуацијата покаже соодветност со очекувањата, до крајот на годината може да се очекува потпишување на договор за голем енергетски капацитет во регионални рамки што би се градел во наредните години.

– Сето ова помина во знакот на исклучително позитивна атмосфера, и во духот на високото ниво на добрососедски односи со Грција. Дополнително, премиерот Мицотакис изрази задоволство што Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и што веќе сме на пат на полноправно членство кон ЕУ и ги стави на располагање капацитетите на Грција во процесот на евроинтеграциите, рече Ковачевски.

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....