21:15 - 8 ноември, 2026

Горан Пандев оди во пензија, сака да биде менаџер

Мојот најстар син има 13 години, а го гледав само во паузите меѓу две првенства. Сакам повеќе да му се посветам на семејството, вели во изјава за италијанските медиуми најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

Тој за Газета изјави дека ја завршил играчката кариера на 39-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше италијанскиот второлигаш Парма.

– Ќе видиме што носи иднината. Тоа секако ќе биде нешто поврзано со фудбалот, зашто и не знам да правам ништо друго. Повеќе се гледам себеси како спортски директор или менаџер. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам. Цело лето не мислев на фудбал и не тренирав. По играњето во Серија Б минатата сезона, неколку месеци не правев ништо. Имам 39 години и сè ти станува уште потешко, изјави Пандев за италијанските медиуми.

Toj беше на првото место на листата најдобри стрелци во Купот на Италија во сезоните 2008/2009 со шест голови и четири погодоци во 2016/2017.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....