23.8 C
Скопје
15:26 - 19 октомври, 2026

(Видео) Ким Кардашијан на железниот трон во скеч инспириран од „Игра на тронови“ја најавува новата сезона на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“

Додека фановите на „Игра на троновите“ (Game of Thrones) го гледаат приквелот на сагата – серијата House of the Dragon, која веќе ги сруши сите рекорди на популарност, ТВ водителот Џејмс Корден и тимот на The Late Late Show, на јавноста ѝ ја претставија сопствената фантастична верзија – со Ким Кардашијан, Крис Џенер и Кајли Џенер.

Во скечот, Корден го игра кралот на Вестерос, а Ким ја игра неговата помлада сестра, која сака самата да го преземе Железниот трон. Крис ја игра нивната мајка која сака нејзините деца да се сложуваат. Кајли Џенер се појавува во финалето за да го заземе тронот и да објави: „Има само еден крал во ова кралство, а тоа е кралот Кајли“.

Заплетот на фантазијата е испреплетен со фрагменти од нашето време: Ким краде змејови јајца за да направи производи за нега на тело од нив, а исто така позира за насловна страница на списание.

Скечот е објавен во точно во време кое се совпаѓа премиерата на втората сезона на реалното шоу на семејството Кардашијан, која почнува да се емитува од денес. Врз основа на трејлерот, повторно ќе има многу драма во епизодите, а гледачите ќе дознаат повеќе за романсата и свадбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....