12.8 C
Скопје
20:13 - 26 април, 2024

(Фото) Koja e згодната српска министерка што ги лансира во светот „Винските патишта на Отворен Балкан“?

Убава, елегантна, префинета дама, но и врвен професионалец – така ја опишуваат министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ која во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“.

Некои новинари оваа српска министерка велaт дека многу прилега, на пејачката Вики Миљковиќ од жирито на Ѕвездите на гранд, дури како да е нејзина двојничка.

Оваа амбициозна жена, професорка по српски јазик и книжевност работела и како мaркeтинг мeнaџeр на кoмпaниjе “William Grants–MPS Group” и помошник на кoмпaниjата „Panasonic“ во Србија.

На 28 октомври 2020 година ја презеде функцијата министер за трговија, туризам и телекомуникации во Владата на Србија.

Од нејзиното Министерство денеска информираа дека министерката, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претставила регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан“, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа.

– Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе им помогне на Албанија, Северна Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ.

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан“ и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата.

Матиќ е член на Социјалдемократската партија на Србија и потпретседател. Во 2002 година, таа влезе во Владата на тогашната Сојузна Република Југославија, а до 2004 година беше помошник-шеф на кабинетот на директорот на Координативниот центар за Косово и Метохија на СРЈ, подоцна Србија и Црна Гора и заменик-премиер на Република Србија. Од 2005 до 2006 година била директорка на Координативното тело за градовите Прешево, Бујановац и Медвеѓа во Србија и Црна Гора. Истата функција ја извршуваше во Србија до 2007 година.

 

 

 

Слични објави

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....