2.8 C
Скопје
17:17 - 20 декември, 2024

Време е за ручек: Тајната на сочните домашни ќофтиња

Нема ништо поубаво од вкусно подготвени топчиња од мелено месо кои се сочни, полни со арома и вкус, а ако се испечени на скара, надополнети со прилог и здрава салата, гозбата е загарантирана.

Ќофтињата се вкусно јадење од мелено месо со задолжителен додаток – лук и други зачини. Можат да се пржат или да се испечат на скара, секако се подеднакво вкусни. Кај нас се подготвуваат од мешано мелено месо – свинско и телешко, а некаде се додава и јагнешко. Во месото се додава натопена среда од леб и зачини по избор, па се меси добро, за да не се распаѓаат при готвење. Зависно од вкусот се додаваат магдонос, ц рн пипер, чубрика, ким и друго. Некаде се додава и варен ориз, рендани компири или кашкавал. При пржење се формираат помали или поголеми топчиња кои се пржат дирекно или можат претходно да се извалкаат во брашно, па да се пржат. Ако се готват на скара, тогаш не се користи брашно. Но, која е тајната на сочните и вкусни ќофтиња?

Месо

За да бидат сочни ќофтињата многу е важен изборот на месо од кое се подготвува смесата. Соодносот треба да биде 60 отсто свинско месо и 40 отсто телешко месо. При тоа задолжително треба да има и малку маснотија, за да не бидат суви. Пдносно ако е месото посно, без маснотија на него, слободно додадете малку сланина. Дел од месото, по вкус може да се замени и со јагнешко.

 Зачини

Друг важен момент се зачините, а нивниот избор зависи од желбите и вкусот на оние кои ги јадат. Некои сакаат поинтензивни зачини како чубрика, ким, оригано и слично и тоа е сосема во ред. Други сакаат со повеќе црн пипер, лук, магдонос, па дури и пикантни ќофтиња со чили. Сè е дозволено додека ви се допаѓа на вас и вашите гости на трпезата.

Пиво

За да останат ќофтињата воздушести има уште една тајна состојка која морате да ја додадете, а тоа е пивото. Иако ви се чини чудно, оти најверојатно си мислите дека пивото е добро само како пијалак со веќе зготвени ќофтенца, верувајте дека нема да погрешите ако го додадете како состојка во смесата за ќофтиња. Кога ќе ја измесите смесата за ќофтиња и во нив ќе додадете малку пиво, треба да ја оставите да отстои, за добро да се впијат зачините. Вака приготвената смеса најдобро е да ја оставите да стои еден ден во фрижидер. Ако не сте љубител на вкусот од пиво, тогаш една лажица кисело млеко ќе заврши одлична работа.

Леб

За поголем волумен и повоздушести ќофтиња кога ја замесувате смесата додадете малку леб. Користете ја средината од лебот, не корката, која е потврда. Средината од лебот претходно натопете ја во малку млеко, па исцедете ја пред да ја додадете. Кога ставате леб исто така треба да ја оставите смесата да отстои во фрижидер еден ден или неколку часа пред да ги готвите. Така ќе добиете смеса која нема да се распаѓа и ќофтињата ќе имаат убава кружна форма.

Слични објави

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо
Се вчитува....