00:22 - 9 ноември, 2026

Какво време ќе имаме оваа седмица? Еве од кога температурите НАГЛО ќе пораснат!

Метео прогнозерот Славчо Попоски нè известува какво време ќе имаме оваа седмица.

– За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак, повремено ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Денес ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие остануваат високи и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. Уште повисоки температури ќе имаме некаде од среда па натаму и тогаш максималните температури во најтоплите предели ќе надминуваат 35 степени, a Ув-индексот ќе има екстремно висока вредност, со коефицинет околу 10, па затоа граѓаните ги советуваме и понатаму да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето и да пијат што повеќе течности – вели Попоски.

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....