8.8 C
Скопје
22:57 - 18 октомври, 2026

Вкусови што се памтат: Посна македонска кујна – Чорба од компир и таан (РЕЦЕПТ)

Unsplash

Божиќните пости кои траат 40 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Денес ви откриваме еден посен рецепт на една многу вкусна чорба која убаво ќе ви дојде ова поладне, ќе ве стопли и засити.

Состојки:

– 6 компири
– 3 лажици таан
– 100мл. лимон
– 30гр. свеж магдонос
– сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги, убаво измијте ги и ставете ги да се варат во вода. Откако убаво ќе се сварат оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во блендер со 100мл. студена вода.

Сместата од блендерот истурете ја во водата во која се вареле компирите (со тоа можете и сами да ја одредите густината на супата, помалку или повеќе вода, погуста супа или поретка чорба)

Потоа ставете го повторно тенџерето да зоврие убаво со компирите и кога ќе се излади додадете го таанот, свежиот магдонос и зачините по вкус.

Добар апетит!

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....