17.8 C
Скопје
18:29 - 4 октомври, 2026

ВИДЕО: Шеќерни јаболка на стапче – Направете си го ова попладне повесело и повкусно!

За овој брз десерт, доволно е да имате јаболки, шеќер и вода…

Не тагувајте што вашите деца и вие оваа година нема да можете да уживате во шеќерните јаболка на новогодишните базари, туку подгответе ги дома самите.

Потребни состојки:

7 јаболки
550 гр шеќер
180 мл вода
80 гр глукозен/бонбонски сируп
стапчиња

Подготовка:

Јаболките добро измијте ги, особено доколку се прелеани со восок. Отстранете ги дршките и избришете ги со хартија. На местото на дршката забодете дрвено стапче.

Фото: Јутјуб

Во сад на оган ставете го шеќерот, водата и глукозниот/бонбонски шеќер. Промешајте и оставете да се вари. Нека се вари умерено околу 15-18 минути, а за тоа време не мешајте. Шеќерот треба благо да пожолти, а во видеото можете да го погледнете деталниот процес на варење. Тргнете го садот од оган, додадете прехрамбена црвена боја и измешајте. Потопете ги јаболката со стапчињата, а потоа одложете ги на хартија за печење. Оставете ги да се оладат. Кога смесата ќе се излади и ќе се стегне (а ова се случува брзо), повторно ставете ја кратко на оган за да можете да ги зашеќерите и останатите јаболки.

Завиткајте ги во целофан, ставете им машничка и израдувајте го вашето семејство.

Совет плус:

Користете поситни јаболки. Можете да користите и зелени и црвени, по ваш избор.

Наместо сируп можете да користите и мед но секако препорака е тоа да биде бонбонскиот сируп.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....