17.8 C
Скопје
19:05 - 20 октомври, 2026

Торта со многу ореви и мирис на ванила која ќе ве врати во детството: Рецептот ни го носи Теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни откри еден рeцепт кој за момент ја врати во нејзините детски безгрижни денови, но и рецепт кој многу од нас одамна го немаат вкусено:

„Оваа торта ме потсетува на моето детство и на сите важни настани од тоа време. Долго време ја немав пробано и затоа се решив да ја подготвам и замислете вкусот сè уште е истиот.
Засукајте ги ракавите и подгответе ја тортава за викендов“.

Потребни состојки:

За црно тесто: х3 (тавче 30)
▪️3 јајца
▪️3 лажици шеќер
▪️1 лажица брашно
▪️30 гр. темно чоколадо за готвење
▪️70 гр. мелени ореви

За бело тесто:
6 белки
▪️150 гр. шеќер
▪️4 лажици брашно
▪️150 гр. сецкани ореви
▪️150 гр. суво грозје (отстојано во рум 2-3 часа)

За фил:
▪️6 жолчки
▪️16 лажици шеќер
▪️6 лажици брашно
▪️1 л. млеко + по потреба
▪️250 гр. путер или маргарин
▪️2 кесички ванилин шеќер
▪️4 лажици шеќер во прав

Фото: Готвиме со Теа

Начин на подготовка:
Во длабок сад изматете 3 јајца со 3 лажици шеќер. Откако ќе ги изматите додадете го брашното, чоколадото и оревите. Убаво измешајте и смесата распоредете ја во тавче обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 °С, 15-20 минути. Оваа постапка се повторува 3 пати, односно се прават 3 црни теста.

Во длабок сад изматете ги белките со шеќерот. Откако ќе добиете пенаста смеса додадете ги брашното, сецканите ореви и сувото грозје. Измешајте и распоредете ја смесата во тавче обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 °С. (оваа кора откако ќе се испече се дели на два дела).

6 жолчки изматете ги со 6 лажици шеќер. Потоа додадете 6 полни лажици брашно и измешајте. Доколку е многу густо додадете неколку лажици млеко.

Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрева заедно со 10 лажици шеќер. Откако ќе почне да врие се трга на страна и во него со постојано мешање додадете ги претходно подготвените јајца. Убаво измешајте и вратете го тенџерето на тивок и продолжете со варење, додека да се згусне. Вака подготвениот фил се остава да се излади.

На крај изматете го путерот со ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и измешајте го со претходно изладениот фил.

Филувајте ја тортата и оставете ја убаво да се излади неколку часа.

На здравје и уживајте!

 

Слични објави

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо
Се вчитува....