8.8 C
Скопје
22:49 - 18 октомври, 2026

Салата со лубеница и краставици: Најдобра комбинација од овошје и зеленчук

Состојки:

400 грама тврдо сирење

2 главици кромид

2 краставици

2 лимона

1 килограм лубеница

100 милилитри маслиново масло

зачини по желба

Подготовка:

Потребното количество сирење, ситно издробете го со прсти или доколку ви е полесно, изрендајте го. Во садот со сирењето додајте ги ситно исечканиот кромид, маслиновото масло и сокот од лимоните и убаво измешајте.

Вака подготвената смеса, оставете ја да отстои околу 3 часа.

Потоа, исечкајте ги лубеницата и краставиците и префрлете ги во подлабока чинија за сервирање.
Врз нив, истурете ја претходно подготвената смеса од лимонов сок, сирење, маслиново масло и кромид, зачинете и убаво измешајте. Со тоа, салатата од лубеница и краставици е готова.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....