15:00 - 9 ноември, 2026

Предлог за денешениот ручек: Риба на медитерански начин

Ова прекрасно сончево попладне, посветете го на домашните и уживајте заедно во подготовката на семејниот ручек. Наш предлог е филети риба подготвени на медитерански начин. 

Состојки:

– 250 г чери домати
– 2 модри патлиџани
– 1 чешне лик
– 500 мл бистра посна супа
– 200 г кускус
– 4 филети од риба
– 2 лажици сечкан босилек
– 2 лажици маслиново масло
– сок и кора од лимон
– сол и црн пипер

Подготовка:

Во тава загрејте една лажица маслиново масло и додајте ги излупените и сечкани модри патлиџани, измиените чери домати и чешнето лук столчено, не сечкано. Гответе околу 10 минути додека омекнат доматите. Во меѓувреме ставете ја супата во голем сад, додајте го кускусот и гответе 6-8 минути или додека омекне. Загрејте грил тава или скара.

Филетите риба премачкајте ги со останатото масло, посипете ги со сол и црн пипер, посипете ги со рендана кора од лимон и печете ги на скарата по 3-4 минути од секоја страна. Готовиот кускус исцедете го, додајте го во мешавината од зеленчук, зачинете со сок од лимон и сечкан босилек. По вкус зачинете со малку сол и поделете го во чинии. Во секоја чинија ставете по едно парче риба и послужете.

Слични објави

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....