6.8 C
Скопје
04:05 - 19 октомври, 2026

ПРАЗНИЧЕН КОЛАЧ СО КАНДИРАНО ОВОШЈЕ: Кристштолен – весел за очи, топол за душа

Познат како Кристштолен овој божиќен колач кој е дел од германската празнична традиција, ќе ви донесе радост на трпезата, а парченца од него може да ставите и на елката наместо украси.

Инстаграм

Состојки

  • 200 грама суво грозје
  • 100 гр кандирана лимонова кора и кора од портокал
  • 60 грама бланширани бадеми
  • 100 мл рум
  • шеќер во прав

За првото тесто:

  • 140 грама брашно
  • 30 грама квасец
  • 125 мл млеко

За второто тесто:

  • 160 грама брашно тип550
  • 40 грама шеќер
  • 120 грама масло
  • 1 жолчка
  • изрендана кора од 1 лимон
  • 1 лажичка цимет,
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • малку сол

МЕТОД НА ПОДГОТОВКА

Бадемите ставете ги наколку минути во врела вода, излупете ги, малку запржете ги и исечкајте ги ситно. Сувото грозје, кандираниот лимон и портокал и бадемите прелијте ги со румот и оставете ги преку ноќ добро да се натопат. За првото тесто сите состојки добро измешајте ги и оставете ги на топло половина час за тестото да нарасне. За второто тесто сите состојки добро измешајте ги, па потоа составете го првото тесто со второто тесто. Месете додека не добиете компактна мазна смеса. Тестото оставете го 15 минути и помешајте го со сувото грозје и бадемите претходно натопени во рум. Тестото оставете го да набабрува на собна температура два-три часа. Нараснатото тесто уште еднаш замесете го, па потоа обликувајте го како на фотографијата во таканаречен „штолен“ облик. Ставете го на тепсија обложена со хартија за печење и оставете го да нараснува. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250 степени, а кога ќе го ставите штоленот на печење намалете ја температурата на 180 степени. Премачкајте го со масло и печете го околу 1 час и 15 минути. Откако ќе се испече, премачкајте го со растопен путер и попрскајте го со шеќер во прав.

Кога ќе се излади, божиќниот колач завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да се стврдне.

Парчиња од него, завиткани во фолија, може да ја красат и елката.

Инстаграм

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....