17:31 - 7 ноември, 2026

Посно ем вкусно: Полнети пиперки со грав печени во рерна

Продолжуваме со вкусни, а посни рецепти. Овојпат ви предлагаме да зготвите печени пиперки полнети со грав.

Намирници

500 грама грав,

4 главици кромид,

8 бабури (пиперки) може и од туршија,

црн пипер,

малку масло.

Подготовка

Гравот сварете го со исечканиот кромид и исцедете го.

Смелете ги или изгмечете ги заедно, па додадете го маслото и црниот пипер. Со таа смеса наполнете ги бабурите.

Преостанатиот грав ставете го на тава за печење, па преку него наредете ги полнетите пиперки.

Печете ги 20-на минути во рерна.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.
Се вчитува....