15.8 C
Скопје
23:24 - 21 октомври, 2026

Појадок кој се подготвува сам додека вие навечер спиете: Да можно е!

Во вечерните часови, пред да одите во кревет, измешајте ги состојките во тегла, и наутро кога ќе станете ќе имате готов појадок. Едноставен , вкусен и полн со прекрасни ароми, пишува Супер рецепти.

Ние Ви ги препорачуваме овие комбинации, а со малку имагинација и креативна енергија може да смислите  своја омилена комбинација.

Прво, подгответе ја основата, така што во поголем сад ќе ставите 1/3 чаша овесни снегулки, додадете една лажица чиа семиња, ¼ чаша млеко по избор (бадемовото е фантастично и лесно се подготвува), ¼ чаша грчки јогурт, а потоа  комбинирајте ги омилените вкусови.

Ви предлагаме да го пробате чудото од моркови, така што на основата ќе додадете две лажици мед и една лажичка цимет, три лажици рендан морков и грст бадеми или ореви.

Боровинки и лимон се фантастичен начин да го започнете вашиот ден , така што на основата ќе додадете една лажичка екстракт од ванила, две лажици џем од боровинки, еден грст свежи боровинки и малку рендана кора од лимон.

Не може, а да не го вкусите фантастичното искуство од јагоди и чоколадо. Подгответе го така што ќе додадете две лажици мед, една лажичка какао, неколку сечени свежи  јагоди и две ситно рендани коцки темно чоколадо.

Но, додека не ја пробате комбинацијата од банани и ореви, не сте направиле ништо. Оваа експлозија на вкусови веднаш ќе ве разбуди и ќе ви посака прекрасен почеток на денот. Едноставно на основата додадете  две лажици јаворов сируп (или мед), 3 лажици путер од кикирики, една ситно исечена банана и грст ореви.

Време е за забава, и тоа утринска. Обидете се да го започнете денот со пинаколада, ќе се изненадите од резултатите! Во основата, додадете една лажица банана, две лажици грубо згмечени бадеми, грст свеж ананас и една лажица кокосово брашно.

Теглата со омилената комбинација ставете ја во фрижидер да стои преку ноќа и во утринските часови ќе имате совршено подготвен интересен појадок. Уживајте во вашиот оброк. Пријатно.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....