01:33 - 11 ноември, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Кога да земете чадор?

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и истите во следните денови ќе бидат натпросекот и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....