9.8 C
Скопје
15:16 - 31 март, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Свежа паста во сос од свеж вргањ – Фантастичен рецепт, само за уживање!

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството ни открива рецепт за подготовка на свежа паста во сос од свеж вргањ.
фото: приватна архива

Кога се двоумиш што да јадеш.. избираш паста! Затоа што оддамна помина времето кога се вратив од Италија, но сепак никогаш не помина меракот за свежа паста во сос од свеж вргањ!

Рецептот фантастичен, ти само уживај!

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Месецот на пастата го славиме со фусили со грчко сирење и доматен сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

• 400гр. свеж вргањ
• малку чили
• мало парче сецкана сланина
• 300гр таљатели
• свежа мајчина душица
• 1 супена лажица путер
• рендан пармезан

фото: приватна архива

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исецкајте го ситно свежиот вргањ и попржете го во путерот и сланината. Додадете чили и мајчина душица и динстајте некое време на тивок оган. Во зовриена вода додадете ги лингвините и варете 2 минути. Лингвините ставете ги во сосот од вргањ и додадете од водата во која се вареле претходно. Гответе уште некоја минута се додека таљателите не ги впијат состојките. Не заборавајте сол.

Buon appetito!

фото: приватна архива

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Њоки во бел сос со три видови сирење и свежа смоква – Малку е потребно за задоволство

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....