04:29 - 10 ноември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Њоки во бел сос со три видови сирење и свежа смоква – Малку е потребно за задоволство

На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).

Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството денес ни открива рецепт за подготовка на Њоки во бел сос со три видови на сирење (козјо сирење, моцарела, пармезан) и свежа смоква.

Малку ни е потребно за насмевка, задоволство и позитивни вибрации, ни вели Бранко.
фото: приватна архива

Потребни состојки:

– 200гр. њоки
– 50мл. маслиново масло
– Морска сол
– 80гр. козјо сирење
– 80гр. моцарела
– 80гр. пармезан
– 200мл. млеко
– 100гр. путер
– 2 лажици пченкарно брашно
– Половина лажичка чили
– Копар
– Жалфија
– 2 свежи смокви

фото: приватна архива

Начин на подготовка

Њоките ги варите околу две минути во вода со неколку капки маслиново масло и морска сол. Во вок тава, растопете путер, додадете две големи лажици пченкарно брашно и мешајте се додека не почне да црвенее и да не се направат грутчиња. Потоа, додјте го млеко, рендано козјо сирење и моцарела и мешајте. Во смесата додадете малку жалфија, чили, копар и две свежи смокви на ситни парчиња. Откако ќе добиете убав кремаст сос ги додавате њоките и листови од пармезан. Готвите уште 2 минути на тивок оган.

Дегустирајте со бело вино темјаника.

Уживајте, октомври и дождот нека бидат причина плус за среќен ден исполнет со насмевки и задоволство.

фото: приватна архива

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....