12.8 C
Скопје
18:16 - 19 април, 2024

(ФОТО) КОГА ЕДНАШ ЌЕ СЕ ВЉУБИШ ВО МЕСЕЊЕ, НЕМА БЕГАЊЕ: Габи Атанасова нè учи како да си направиме питулици и мазник

Галаба Стојановка Атанасова или накратко Габи е родена во село Лубница, а денес живее во Битола и е позната по умешноста на своите раце и талентот за месење.  Таа се сеќава уште од многу мала како ѝ се разгорила љубовта за месењето и „играњето“ со тесто.

фото: приватна архива

– Кога имав 13 години, се сеќавам имавме гости и една роднина ни направи многу убав мазник со тргани кори, и јас гледајќи ја како вешто го прави тоа се заљубив во таа рачна уметност и иако бев многу мала си реков дека и јас ќе научам да го правам тоа.

На 15-годишна возраст со запишувањето на училиште во Битола морала да си готви сама, ни раскажува Габи, но првите обиди за месење доаѓаат многу подоцна.

– Кога се омажив мераклиски правев нешто месено. Секогаш различно и сите што имаа можност да пробаат им се допаѓаа работите, па се охрабрував да правам сè повеќе. Немаше роденден на моите три деца или посета од гости, а на мојата маса да нема зелник, мазник, кифлички и секогаш питулици.

зелник
фото: Габи Атанасова

Еве кои рецепти ѝ се драги на Габи, па ги сподели со нас:

Рецепт за домашни питулици

Од 1кг брашно се прави каша со вода(по потреба) и една лажица сол. Кашата треба да биде течна, но густа. Со голема лажица се става од кашата во тавче, се пече и се превртува од двете страни. Кога ќе се испечат сите питулици, во друго тавче се става да зоврие вода со масло и сол, а потоа му се додава толчен лук и толчени ореви(се толчат посебно). Питулиците, една по една се натопуваат во течноста, се вадат одма и се редат во широка чинија, една врз друга. На крајот се сечат како парче од торта.

Рецепт за мазник со зелка туршија(расол)

Се меси тесто од 0,500/600 гр брашно со една чаша вода и една супена лажица сол. Тестото се остава да се одмори, односно да омекне околу 30-45 минути. За тоа време се припрема филот. Зелката се сечи на ситно и се пржи со масло околу 15 минути. Во зелката обавезно се додава сува пиперка и црн пипер или буковска пипер. Додека не олади зелката се почнува да се работи тестото.

Се прават четири или пет топчиња зависи од големината на тепсијата во која ќе се пече. Секое топче тесто се сучи во мал круг и се става во тепсија со масло да отстои околу 15-20 минути да омекне. Потоа од секое се трга кора, многу танка и од филот со зелката се попрскува низ целата кора. Овој дел од работата се прави на чаршаф. Потоа чаршафот се крева и се завиткува кората. Постапката се повторува додека има топчиња со тесто. Се редат сите во тркалезна или четвртаста форма, се попрскува мазникот со масло одозгора и се пече веднаш.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова
фото: Габи Атанасова

 

Слични објави

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо
Се вчитува....