20:33 - 17 мај, 2026

ЛАВОВСКО СРЦЕ: Еве кои се четирите најхрабри хороскопски знаци

Еден начин да се утврди дали сте едни од најсмелите во хороскопот е да погледнете како е поставен Марс. Марс е планетата на одлучност и храброст, така што може да покаже како на грб го носите стравот.

Овен

Без храброст, нема слава е вашата моќна мантра. Со вас владее храбриот Марс, па не е чудно зошто сте горди на вашиот бестрашен став. Овенот е првиот знак во астролошката низа и припадниците на овој знак немаат страв од нови обиди. Тие се природни лидери, кои кога се соочуваат со непознатото, подготвени се да се справат со какви било предизвици. Смело ризикувате затоа што сте спремни да се соочите со тоа.

Лав

Вие сте толку самоуверени што можете да останете сигурни дури и кога се соочувате со опасност. Впрочем, со вас владее сонцето. Бидејќи околу сонцето орбитираат сите други планети, Лавовите имаат силно и непоколебливо самоспознавање. Без разлика на што се спротиставуваат, природната самодоверба на родените во овој знак ги прави доволно храбри да ризикуваат. Успех или неуспех, храбро продолжуваат напред со крената глава.

ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ? Ова се хороскопските знаци кои секогаш мислат позитивно!

Скорпија

Нема многу што ги плаши Скорпиите, благодарение на владејачката планета Плутон(мистицизам и темната страна на животот). Скорпиите природно разбираат дека ништо не е трајно на овој свет и сè се менува. Тие се подготвени да ризикуваат без два пати да размислат, особено ако тоа им помогне во напредокот. Одбивате да дозволите стравот да ве спречи да уживате во животот додека го имате и тоа е она што ја прави вашата храброст непоколеблива.

Водолија

Со Водолиите владее нарушувачката планета Уран, која управува со шокот и непредвидливоста, така што тие можат да ги прифатат животните несигурности со раширени раце. Овој воздушен знак оди по ритамот на сопствениот тапан, без да приоритизира што мислат другите луѓе. Нивната храброст се заснова на нивната подготвеност да одат контра и да се бунтуваат против она што е прифатливо или норма.

ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ МЕЃУ СЕБЕ: Дали се согласувате?

Слични објави

Во Холивуд сѐ погласно се шепоти за нова романса – дали Памела Андерсон и Том Круз се во врска?

Т.Ц.

Јелена Томашевиќ им се обрати на девојките од „Лелек“ откако од српското жири добија 0 поени

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Видео) Ја прашаа Дара дали знае која е Дара Бубамара, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Еспресо

Мажите „полудеа“ по Дара, но нејзиното срце го освои ценет доктор — ова е сопругот на евровизиската победничка!

Еспресо

Бугарката Дара неодамна ја испеа „Лане моје“ со Жељко Јоксимовиќ, вчера тој прв ѝ честиташе

Еспресо
Се вчитува....