23.8 C
Скопје
15:38 - 20 октомври, 2026

Домашен путер

Состојки:

1/2 чаша за кафе, млеко или вода
1 чаша масло за јадење
1 жолчка
малку сол
лимон

Подготовка:

Пред да почнете со подготовката на путерот имајте при рака, миксер, две чинии со различна големина за да можете да ги ставите една во друга и мраз.

Во поголемата чинија истолчете го мразот и додајте малку вода за на тој начин да се одржува температурата околу 0 степени Целзиусови. Помалата чинија ставете ја во мразот и почнете со подготовката на домашниот путер.

Загрејте ги водата и маслото на околу 40 степени. Потоа тргнете ги од оган и истурете ги во чинијата во која веќе се наоѓа мразот. Веднаш ставете ја жолчката и со миксер мешајте ја на најмалата брзина. Потоа постепено додавајте ја млаката вода или пак млекото и повторно убаво изматете ја смесата, но сега со најголема брзина на миксерот. На крај, додајте сок од еден исцеден лимон и повторно убаво промешајте. Во вашиот домашен путер можете да додадете зачини по желба.

Вака подготвениот путер, префрлете го во соодветен сад и чувајте го во фрижидер. Затоа што во него има свежа жолчка, препорачливо е да го изедете во рок од два до три дена.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....