24.8 C
Скопје
17:16 - 3 октомври, 2026

Брз ручек, полн стомак: Шпагети со крем од авокадо

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле што да направите денес за ручек, еве интересна идеја! Оваа комбинација не сте ја пробале, во продолжение ги состојките што ќе ви бидат потребни.

СОСТОЈКИ:

– 200 г шпагети
– 1 средно авокадо
– сок од ½ лимон и кора од лимон
– 1 – 3 чешниња лук
– 1/2 лажичка крупна сол
– 2 лажици маслиново масло
– 2- 3 лажици сечкан босилек
– мелен црн пипер
– неколку маслинки (по желба)

ПОДГОТОВКА: Ставете посолена вода да зоврие во поголем сад, па додајте ја пастата и варете ја додека биде ал денте. Во меѓувреме направете го сосот – во блендер ставете ги лукот, маслиновото масло, лимоновиот сок. Блендирајте додека добиете воедначена смеса.

Додајте ги излупеното авокадо, босилекот и солта и продолжете да блендирате додека добиете кремаста смеса. Кога ќе биде готова пастата исцедете ја и ставете ја во голем сад. Додајте го сосот и мешајте да се распореди убаво низ пастата.

Сервирајте посипано со рендана кора од лимон и мелен црн пипер. Додајте неколку маслинки и сервирајте веднаш.

Слични објави

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.
Се вчитува....