6.8 C
Скопје
04:06 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) 86-годишната Селина е новата Мис на Холокаустот во Израел

Сeлина Стајнфелд

Селина Стајнфелд беше избрана за Мис на Холокаустот во 2021 година на необичен натпревар во Израел.

„Мораме да бидеме силни, да се грижиме за себе и што е најважно, да си помагаме еден на друг“, рече 86-годишната Стајнфелд. „Помогнете им на оние на кои им треба помош“, порача таа.

Според организаторите, и покрај годините, Стајнфелд барем еднаш неделно ги посетува постарите и изнемоштените лица.

Селина Стајнфелд
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Родена е во 1935 година во романскиот град Јаши, кој бил нападнат од нацистите во 1941 година. Живеела со родителите, браќата, сестрите и нејзинат баба.

Во 1948 година се преселила во Израел, се омажила и имала три деца. Денес има седум внуци и два правнуци.

„Тоа е моја лична победа над нацистите“, вели СЕлина.

Селина Стајнфелд
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

На конкурсот се пријавиле неколку стотици кандидати, од кои биле избрани десет финалисти. Гледачите го избрале победникот преку онлајн гласање.

Целта на овој необичен натпревар за убавина е да ги развесели хероините кои го преживеале Холокаустот, вели организаторот Јад Езер Л’Хавер.

Селина Стајнфелд
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Учесничките уживале во услугите на професионални шминкери, фризери и стилисти во текот на целиот ден:

Натпреварувачката Кука Палмон ја шминкаат зад сцена / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Дел од учесничките на изборот/ Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Леа Песи се подготвува за својот настап / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Дел од финалистките / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Рејчел Феинголд / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Кука Палмон / Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....