8.8 C
Скопје
00:58 - 15 октомври, 2026

АВГАНИСТАНКИ СПОДЕЛУВААТ ФОТОГРАФИИ ВО ШАРЕНИ ФУСТАНИ: Барањата на талибанците се косат со традицијата

авганистан, жени

Авганистанките ширум светот протестираат против новите барања на талибанците да носат хиџаб во училиштата со објавување фотографии на социјалните мрежи на кои носат шарени традиционални фустани.

Во последните денови, талибанците наредија полова сегрегација во училниците и побараа од студентките и професорките да носат хиџаб во согласност со толкувањето на шеријатскиот закон.

Викендов на социјалните мрежи се појавија фотографии на група студентки облечени во црни фустани од глава до пети веејќи талибански знамиња во една од предавалните на Државниот универзитет во Кабул.

Голем број жени се спротивставија со објавување на фотографии во светли и шарени традиционални авганистански фустани, во целосна спротивност со мандатот за црн хиџаб.

Бахар Џалали, поранешна професорка на Американскиот универзитет во Авганистан, помогна да се започне кампањата.

„Ниту една жена во историјата на Авганистан не се облекувала вака, никогаш. Ова е туѓо во целост за авганистанската култура. Објавив моја фотографија со цел да информирам, едуцирам и да ги отфрлам дезинформациите кои ги пропагираат талибанците“, напиша таа, а голем број жени го следеа нејзиниот пример.

Содаба Хаидаре, новинарка на „Би-Би-Си“, исто така објави фотографија на која позира во шарен фустан.

„Ова е наш традиционален фустан. Сакаме многу бои. Дури и нашиот ориз е шарен, исто како и нашето знаме“, напиша таа.

Судбината на жените во Авганистан е загрижувачка откако талибанците ја презедоа контролата над земјата по повлекувањето на американските и меѓународните трупи во август.

Слични објави

Јована Јеремиќ не му остана должна на Каспер:“„Тој не е вистински маж, многумина ме тужеле, но никој не ме добил“

Еспресо

Карлеуша за крајот на пријателството со Бирташевиќ: „Повредена сум, но сите се заменливи“

Еспресо

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

Осум години од заминувањето на актерската дива Милена Дравиќ: Животната приказна на иконата која делеше сè со легендарниот Драган Николиќ

Е.А.

(Фото) Најзгодниот турски актер драстично го промени имиџот: Ги „распамети“ обожавателките

Еспресо

(Видео) Приватно езеро и многу зеленило – Анастасија Ражнатовиќ покажа дел од новиот дом во Мадрид каде што живее со Немања и синот Илијан

Еспресо
Се вчитува....