11:11 - 31 март, 2026

И покрај скапите препарати, лицето не ви е совршено чисто? Каде грешите?

Чистењето на лицето е основна рутина кога е убавината во прашање. Сепак, понекогаш и покрај тоа што користиме можеби поквалитетни препарати и ја негуваме кожата, не добиваме добри резултати.

Причината може да е во некоја од грешките што ги правите при чистењето на лицето, а ви ги презентираме во продолжение:

Температура на вода

Постојат митови кои велат дека топлата вода е подобра, а други дека студената вода е подобра за лицето. Всушност, вистината е дека млаката вода е најдобра. Изберете златна средина, бидејќи премногу топлата вода може да го исуши лицето, а премногу студената да ги затвори порите.

Соодветен препарат

За да препознаете кој препрат е соодветен за вашата кожа, мора да ја набљудувате. Средството за чистење лице треба да ги исчисти сите траги од шминка, нечистотија, а притоа да ги негува и заштити здравите клетки на кожата на лицето. Она што со сигурност може да се препорача е дека препаратот не треба да биде премногу груб, агресивен. И уште нешто на што треба да внимавате е после нанесувањето на истиот, добро да го исперете со вода.

Премногу често користите пилинг

Ако кожата ви е премногу чувствителна, секојдневниот пилинг не е добар избор за вас, уште помалку ако е агресивен. Исто така, доколку средството за чистење лице што го користите содржи благ пилинг, не е препорачливо да го правите два пати дневно. Навечер е сосема доволно, во спротивно кожата ќе ви биде иритирана. Инаку, детален пилинг е сосема доволно еднаш неделно.

Не миете раце

Сигурни сме дека уште од деца го имате усвоено правилото дека лицето не треба да се допира со нечисти раце. Меѓутоа, кога е чистењето на лицето во прашање, многумина забораваат да ги измијат или мислат дека нанесувањето на средството со раце практично ги тчисти двете. Но, ако не ги измиете рацете и пред чистењето на лицето, ги пренесувате бактериите од рацете на лицето.

Вечерно чистење на лице

Поголемиот дел од жените, најголемо внимание обрнуваат на вечерната нега. И не можеме да речеме дека нема логика, бидејќи тогаш го чистиме лицето од шминката и сите нечистотии насобрани во текот на денот. Но, од друга страна, негата на лицето наутро е мошне значајна бидејќи млаката вода во комбинација со нежна масажа на лицето, ја подобрува циркулацијата, а воедно ги отстранува мртвите клеки кои се создале во текот на ноќта. Затоа, не прескокнувајте го утринскиот термин за нега на лице.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо
Се вчитува....