18.8 C
Скопје
15:38 - 14 март, 2026

ЧУДО: Таа има 90 години и го победи коронавирусот, а еве што советува!

Кристин Вуд (90) од Сиетл излегла како победник од битката со коронавирусот и докажала дека може да се победи овој вирус.

Таа им дала надеж на заболените ширум светот, а особено на оние најстарите за кои се верува дека се во најзагрозена категорија.

Таа се заразила со вирусот кон средината на февруари, во центар за стари лица, каде што освен неа бил забележан голем број на заболени. Имено, од вкупно 132, 60% од нив се разболеле, а четвртина од заболените умреле од последиците на КОВИД-19.

Нејзината внука Кејт за американските медиуми изјавила дека болеста на баба и’ и’ била дијагностицирана на 6 март и дека престојувала во тој центар бидејќи претходно доживеала мозочен удар.

Таа открила дека воопшто не ја чуди тоа што баба и’ излегла како победник од целата оваа приказна, бидејќи цел живот била вистински борец. Преку болничкото стакло, семејството секој ден и’ праќало пораки дека ќе победи и дека се гордеат со неа.

Кејт на својот фејсбук-профил напишала дека баба и’ додека била болна постојано барала супа од компири, па сега сите, вклучувајќи ги и лекарите и медицинските сестри, и’ праќаат таква супа за да и’ помогнат да оздрави.

Оваа баба има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и 3 правнуци. Постојано е опкружена со многу љубов, што можеби е причината за нејзиното оздравување, вели Кејт, додавајќи дека се надева дека баба и’ уште следната недела ќе биде пуштена од болничко лекување.

Позитивниот став и желбата да се излезе како победник од болеста на многумина им помагаат така и да биде на крајот, велат лекарите. Позитивните психолошки аспекти навистина се клучни во секоја борба за здравје.

Коронавирусот е опасен и треба сериозно да се сфати, но излекувањето е возможно. Пред се’, потребно е да се преземат сите превентивни мерки и да се биде претпазлив, а доколку дојде до заболување, не треба да се изгуби позитивниот дух.

Во прилог на оваа приказна зборуваат уште некои случаи на успешно излекувани лица. Пред неколку дена, иранската државна агенција „Ирна“ објавила дека во близина на Техеран, била излечена старица од 103 години, а британските медиуми пишувале за успешното лекување на еден брачен пар. Тој е поранешен кинески астроном и има 98 години, а сопругата има 85.

Едно од најстарите излечени лица во Кина има 98 години.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо
Се вчитува....