14:06 - 29 ноември, 2026

„СУПЕРИМУНИТЕТ“ ПРОТИВ КОВИД: Што е и кога се стекнува?

Ново истражување на „Универзитетот за здравје и наука во Орегон“ открива дека се јавува голем имунолошки одговор ако некое лице е вакцинирано и има прележано Ковид, пренесува „Healthline“.

Тие открија дека редоследот на настаните не изгледа дека има големо влијание врз целокупниот имунитет.

Истражување опфати 104 вработени во универзитетот – вакцинирани со Фајзер. Тие беа поделени во групи врз основа на историјата со Ковид: оние кои имале инфекција пред или по вакцинацијата и оние кои никогаш немале инфекција.

Истражувачите открија дека и двете групи со „хибриден имунитет“ генерирале повисоки нивоа на имунитет од вакцинираната група која не добила нова инфекција.

„Хибридниот имунитет се однесува на имунитетот предизвикан од инфекција (природен имунитет) кој дополнително се зајакнува со вакцинација по природна инфекција“, изјави за д-р Рафеул Алам.

Важно е да се напомене дека ова истражување беше спроведено пред варијантата Омикрон да стане доминантна, но истражувачите очекуваат дека хибридните имунолошки одговори ќе бидат слични за инфекцијата со Омикрон.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....