6.8 C
Скопје
03:45 - 27 април, 2024

Спасете се од болките во грлото по природен пат

Покрај медицинскиот третман, постои и природен начин како да ја намалите болката во грлото

Студеното и променливо време, карактеристично за есента и за зимата, претставуваат идеална основа за појава на настинки, вирози и грип.

Во овој период од годината, речиси и да нема човек кој не страда од болно грло, болки во градите, отежнато дишење или пак главоболки, кои се појавуваат како неминовнја реакција доколку сме настинале или пак сме добиле грип.

Сепак, добрата вест е тоа што покрај медицинскиот третман, постои и природен начин како да ја намалите болката во грлото која предизвикува неможност за внес на доволно количество на храна а со тоа и намалување на силата и пад на имунитетот.

Токму одредени намирници кои ни ги дала природата, со векови наназад се познати помеѓу народот како плодови кои ги „чистат“ бактериите од грлото, јазикот и крајниците а со тоа ја намалуваат и болката но и воспалението.

Банани

Бананите се меко овошје кои ги уништуваат бактериите од нашето грло, а со тоа помагаат и во намалувањето на болката. Оваа намирница многу лесно се голта, па токму поради тоа, важи за одлична храна која може лесно да се консумира кога имате болно грло, а останатата храна која е потврда тешко можете да ја голтнете бидејќи помага во зголемување на болката и дополнително го раздразнува грлото. Покрај тоа, бананите се богати со витамин Ц и со витаминот Б6, како и со калиум, а има и низок гликемиски индекс.

Пилешка супа

Пилешката супа е традиционален лек против настинка и болно грло. Затоа направете си ваква супа, по можност од домашно пиле и во неа додајте морков, лук, целер, кромид. Овие зеленчуци се познати по своите моќни нутритивни својства и ќе ви помогнат да го зајакнете имунитетот и побрзо да оздравите.

Лимон и мед

За да ја намалите болката во грлото, сè што треба да направите е да измешате лимон и мед. Ова е одличен лек кој ќе направи да се чувствувате подобро, а притоа нема да испиете ниту едно апче за да го постигнете тоа.

Кајгана

Јајцата се богати со протеини и можат многу да помогнат во намалување на болката во грлото. Меѓутоа, доколку одлучите да се лекувате на ваков начин, немојте да додавате многу зачини, бидејќи тие дополнително можат да помогнат во влошување на симптомите.

Чај од ѓумбир со мед

Одличен начин за да го ублажите воспалението на грлото е да си подготвите чај од ѓумбир и мед. Додека го пиете вашиот чај, задолжително вдишувајте ја и пареата, и на тој начин покрај тоа што ќе ја намалите болката во грлото, ќе си помогнете и полесно да дишате.

 

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....