23.8 C
Скопје
17:26 - 2 мај, 2024

СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ: Анализите покажуваат дека имате некоја од нив, а вие одамна не се имале односи – како е можно!

Вагиналните инфекции и инфекциите на уринарните патишта спаѓаат меѓу најзачестените гинеколошки проблеми.

Во пределот на меѓуножјето има многу различни микроорганизми и бактерии. Сите тие бактерии создаваат меѓусебна рамнотежа, ја одржуваат и едни на други спречуваат некои од овие виови премногу да не се размножи. И покрај тоа, понекогаш работите тргнуваат во погрешна насока, а последица на тоа се инфекциите на половиот орган, на пример, со микроорганизми, кои во анусот не се штетни, а во вагината можат да предизвикаат многу непријатности доколку случајно таму се најдат. Инфекциите од тој тип можат да се појават кај жените кои се сексуално активни, но и кај оние кои тоа не се.

Бактериска вагиноза. Станува збор за вагинална инфекција кај сексуално активните жени. Не се пренесува исклучиво по пат на сексуален однос, туку ја предизвикуваат сексуални активности кои предизвикуваат нарушување на бактериската рамнотежа во вагината. Кај бактериската вагиноза се појавува сив или бел исцедок со непријатен мирис, речиси сличен на мирис на риба, а појавата може да биде проследена со иритација на вагината. Бактериската вагиноза се лекува со земање или нанесување антибиотик во вагината во облик на крем или гел.

Цистит. Циститот е воспаление на меурот. Причина за негова појава е бактериската инфекција, а с појавува кај жените во сите возрасни групи и е исклучително непријатен. Главен симптом е зачестената потреба за уринирање, пришто доаѓа само до излачување на неколку капки урина проследено со пецкање.

Воспалението во самиот меур оневозможува потполно празнење, а присутните бактерии во заостанатата урина можат и понатаму да се размножуваат. Тие бактерии се наметници, бидејќи во меурот и уретрата обично нема микроорганизми. Од внатрешниот дел на уретрата, кад случајно се нашле, бактериите влегуваат во меурот. Женската уретра е многу пократка од машката па затоа и циститот е многу почест кај жените, а сексуалниот однос може да припомогне во неговото ширење по уретрата. Воспалението на меурот често престанува само од себе, но ако подолго трае, потребно да лекување со антибиотици. Доколку инфекцијата остане неизлекувана, може да се прошири и на бубрезите. На жените кои се склони на цистит помага доколку и пред и по сексуалниот однос го испразнат меурот, бидејќи така ги бркаат потенцијалните бактерии.

ХПВ. Иако со години се зборува и се откриваат нови детали за ХПВ вирусот, многумина не знаат дека истиот може да се пренесе преку кожата. ХПВ вирусот може да се пренесе преку кожата, но само ако некој ја допре брадавицата која настанала како последица од овој вирус. ХПВ вирусот доаѓа во различни облици, а некои може да предизвикаат генитални брадавици. Брадавиците понекогаш се јавуваат и на други места, како на пример прстите, велат лекарите. Иако брадавиците може да се отстранат, вирусот и понатаму може да остане во организмот и повремено да се активира.

Molluscum Contagiosum. Иако звучи нереално, заразната вирусна инфекција често се пренесува преку солариумите кои жените често ги посетуваат. Првите симптоми по кои ќе ја препознаете оваа инфекција се тврдите топчиња на гениталиите, но тие може да се прошират заради што треба да се загрижите. Позитивната страна е што кога еднаш ќе се ослободите од вирусот, инфекцијата обично не се враќа.

Трихомонијаза. Таа е сексуално пренослива болест, симптомите се карактеризираат со чешање, зеленкаст, густ и смрдлив исцедок, често доведува и до воспаление на бешиката и симптоми на акутен цистит. Но, може да се пренесе и преку валкани предмети како што се нечисти крпи или нечист вибратор, откриваат гинеколозите.

Херпес
. Ова е првата инфекција на која луѓето помислуваат кога ќе им се спомнат полово преносливите болести. Затоа, мошен е алармантно што не се пренесува само преку сексуален однос. Херпесот може да се пренесе со бакнеж или делење на веќе заразен предмет како брич или неизмиен сад, иако тука ризикот е прилично низок, тврдат гинеколозите.

Кандидијаза или габички. Кандидијазата е габична инфекција на вагината, а се јавува кај жените на сите возрасти без оглед на сексуалната активност. Ја предизикува габичката candida albicans, која е присутна во вагината, анусот, устата, на вулвата и на кожата. Кога прекумерно ќе се размножи, што инаку по правило ја контролираат и спречуваат останатите бактерии и организми, предизвикува одредени симптоми.  Главен меѓу нив и белиот и густ исцедок и иритацијата и чешањето на вагината. Може да предизвика и пецкање во вагината за време на сексуалниот однос. Често поволни услови за размножување на габичката се создаваат поради земање некои антибиотици, некои видови контрацептивни таблети и поради бременоста. Кандидијаза може да предизвика и стресот како и лекови кои им се даваат на болните од сида или шеќерна болест. Понекогаш кај мажите по сексуалниот однос со инфицирана партнерка може да се појави воспаление на главата на пенисот.

Кандидијазата се лекува со соодветна терапија, вагинални супозитории или со вагинални кремови. Лекарот може да препише лек и на партнерот на жената поради превенција од повторна инфекција.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо
Се вчитува....