12:45 - 2 април, 2026

Појадок за слабеење: Намирница со која се губат двојно повеќе килограми

Доколку сакате да намалите неколку килограми, не го прескокнувајте појадокот. А доколку сакате тоа полесно да го изведете, студиите покажаа дека на менито треба да се најдат и јајцата.

Студијата објавена во магазинот „International Journey of Obesity“, покажала дека јајцата се одличен сојузник во слабеењето. За време на двомесечното истражувањe следени се две групи на луѓе со поголема тежина кои биле на диета. Едната група јадела две јајца за појадок, а другата уживала во пецивата.

Двете групи внесувале иста количина калории во првиот утрински оброк, но во 65 отсто од случаите повеќе килограми изгубиле луѓето кои конзумирале јајца.

Покрај тоа, тие рекле дека имаат повеќе енергија од испитаниците кои денот го започнувале со оброк на база на јаглехидрати и дека значително им се намалил индексот на телесна тежина.

Важни витамини од групата Б

Овие резултати не ги изненадуваат нутриционистите кои јајцата ги сметаат за одличен извор на протеини кои ефикасно заситуваат и спречуваат прејадување во остатокот од денот.

Покрај тоа, помагаат во регулирање на добриот холестерол, а богати се и со витаминот Б12 и холин, кои го осигуруваат нормалното функционирање на сите клетки во организмот.

Треба да имате на ум дека во околу 100 грама јајца има околу 160 калории, но дека оваа бројка се зголемува со оглед на термичката преработка односно пржење или печење во масло или зејтин.

За диетален начин на исхрана, најприфатливо е да ги сварите јајцата и да ги комбинирате со зеленчук во салата.

Слични објави

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

Многумина го игнорираат овој ран симптом на деменција: Предупредувачки знак може да се појави и при качување по скали.

Еспресо
Се вчитува....