19.9 C
Скопје
17:58 - 18 мај, 2022

ОВОЈ ВИТАМИН НЕ ТРЕБА ДА ГО ЗЕМАТЕ КАКО ДОДАТОК: Еве зошто

витамини

Долго време се сметаше дека додатоците на витамини се брз начин за надополнување на дневните потреби за хранливи материи што можеби ви недостасуваат, и дека дури и ако на вашето тело не им требаат, тоа нема да предизвика никаква штета.

Сепак, истражувањата сугерираат дека дневниот внес на витамин Е всушност може да направи повеќе штета отколку корист.

„Особено е важно да се избегнува земање додатоци на витамин Е. Не само што има малку клинички студии кои покажуваат дека додатоците на витамин Е имаат корист за вашето здравје, туку во некои ситуации може да бидат штетни“, предупредуваат од Клиниката Кливленд.

Витаминот Е е познат главно како антиоксиданс, а познат е фактот дека антиоксидансите ги штитат клетките од штетните ефекти на слободните радикали кои можат да придонесат за развој на кардиоваскуларни болести и рак.

витамини

Овој витамин исто така е вклучен во имунолошката функција и помага при други метаболички процеси. Сепак, витаминот Е е збир на соединенија и често се појавува во храната, особено во растителните масла како семе од репка или сончогледово масло, соја, пченка, маслиново масло.

Здравствените експерти сугерираат дека на возрасни лица им се потребни само 15мг на ден, но и дека би требало да ги внесувате потребните дози од витамин Е преку храната. Секој витамин Е што на вашето тело не му е потребен веднаш, е подготвен за идна употреба, затоа не се препорачува да земате додатоци на тој витамин секој ден.

Иако е малку веројатно дека ќе внесете премногу од овој витамин со конзумирање на витамин Е преку храна, земањето во форма на додатоци е нешто сосема друго.

витамини

„Високите дози на витамин Е можат да го зголемат ризикот од крварење и сериозно крварење во мозокот“, посочуваат од Националниот институт за здравје.

Горната граница на додатоци на витамин Е за возрасни е 1.000 мг на ден и се додава дека „некои истражувања сугерираат дека земањето додатоци на витамин Е дури и под овие горни граници може да биде штетно“. Поточно, истражувањето покажа дека мажите кои земале 180 мг синтетички додаток на витамин Е дневно неколку години, имаат зголемен ризик од рак на простата.

Лекарите повторуваат дека веројатно внесувате доволно витамин Е преку вашата исхрана и затоа не ви се потребни додатоци. Всушност, според извештајот на Харвард, „научниците дискутираа дали овие додатоци можат да бидат штетни, па дури и да го зголемат ризикот од смрт“. Често цитираната мета-анализа од 2005 година открива дека земањето на најмалку 180 мг синтетички витамин Е на ден го зголемува ризикот од смрт од каква било причина за 4 проценти, пренесува „Best Life“.

Во секој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар пред да земете какви било додатоци.

Слични објави

Љубовта ќе им цвета во јуни: Ова се највљубените и најсаканите хороскопски знаци на почетокот на летото

Еспресо

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

Еспресо

Што да промените во исхраната за да се ослободите од акните и мозолчињата?

Еспресо

(ВИДЕО) Докажано: Амбер сепак имала врска со Џејмс Франко додека била во брак со Џони Деп

Еспресо

(ФОТО) Модна дизајнерка почнала да го тетовира синот уште кога имал шест месеци

Еспресо

(ФОТО)„Збогум Пиже“: Пере од „Нокаут“ со емотивна објава се збогуваше со својот пријател

М.Р.
Се вчитува....