8.8 C
Скопје
21:47 - 25 април, 2024

НАРОДЕН ЛЕК: Кокосовото масло штити од штетни орални бактерии и расипување на забите

кокос

Кокосовото масло може да биде вредно за нашата орална хигиена и здравје. Миењето на устата со кокосово масло е природен народен лек кој потекнува од Индија. Покрај антибактериското и антигабично, кокосовото масло има и имунолошко дејство, а особено е ефикасно бидејќи ја намалува популацијата на бактерии во плунката и со тоа придонесува за оралната хигиена.

Најбогат извор на лауринска киселина после мајчиното млеко

Миењето на устата со кокосово масло може лесно да се вклопи во вашата рутина за орално здравје. Најчестата заситена масна киселина во кокосовото масло е лауринската. Интересно е што кокосовото масло после мајчиното млеко е најбогат извор на лауринска киселина. Бидејќи лауринската киселина во мајчиното млеко игра клучна улога во развојот на имунолошкиот систем на детето, кокосовото масло освен што е антибактериско и антигабично, има и имунолошко дејство.

Како да ја исплакнете устата со кокосово масло

Плакнењето на устата со кокосово масло се состои од помало количество масло кое се задржува во устата како класично средство за плакнење, десетина минути, а потоа маслото се плука. После тоа можете да ја исплакнете устата со топла вода.

Кокосовото масло против штетни орални бактерии

Кокосовото масло се апсорбира и има неколку признати здравствени придобивки, вклучително и намалување на воспалението и борба против штетните орални бактерии. Исто така, може да се јаде, така што постои мал ризик за орална употреба. Повеќето застапници за плакнење на устата со кокосово масло препорачуваат да држите една лажица масло во устата десетина инути, а потоа да го плукнете.

Придобивките од плакнење на устата со кокосово масло

Убивање на штетни бактерии во устата – Устата содржи најразлични бактерии. Некои се штетни и може да доведат до расипување на забите, лош здив и болести на непцата. Студија од 2016 година во која биле вклучени 60 учесници покажа дека плакнењето на устата со кокосово масло може да ја намали популацијата на бактерии во плунката и да ја поддржи оралната хигиена. Истражувачите велат дека кокосовото масло е безбедна алтернатива на хлорхексидин, состојка во некои комерцијални средства за плакнење уста.

Намалување на лошиот здив – Лошиот здив најчесто е резултат на акумулација на бактерии во устата. Ова може да биде поврзано со лоша орална хигиена, инфекција или заболување на непцата. Студија од 2011 година покажа дека кокосовото масло може да биде ефикасен природен третман за лош здив.

Кокосовото масло го спречува расипувањето на забите и им помага на непцата

Кариесот е резултат на акумулација на бактерии, лоша орална хигиена и консумирање шеќер. Облогата од бактерии, плунка и честички од храна ги покрива забите и може да ја оштети глеѓта, што на крај предизвикува кариес. Според една студија од 2016 година, плакнењето на устата со кокосово масло може да ја намали популацијата на бактерии кои предизвикуваат расипување на забите. Покрај четкањето и конецот, плакнењето на устата со кокосово масло може да биде уште еден начин за поддршка на оралното здравје.

Намалување на воспалението и подобрување на здравјето на непцата – Бактериите можат да придонесат за гингивитис, честа болест на непцата што предизвикува црвенило, оток и воспаление. Може да предизвика и лесно крварење на непцата. Истражувањата покажуваат дека кокосовото масло може да ги смири воспаленијата. Дополнително, според една студија од 2015 година и друга студија од 2020 година, плакнењето на устата со кокосово масло може да го намали формирањето на наслаги и да помогне да се спречи гингивитис предизвикан од наслаги.

Белење на заби – Ниту еден научен доказ не потврдил дека плакнењето на устата со кокосово масло може да ги избели забите. Сепак, постојат случаи кога кокосовото масло може да ги исчисти дамките од површините на забите.

Ризици од плакнење на устата со кокосово масло

Луѓето со алергија на кокос не треба да ја плакнат устата со кокосово масло. Инаку, не е познато дека има други ризици при плакнење на устата со кокосово масло. Можеби вреди да се напомене дека плакнењето на устата со масло не го заменува четкањето, конецот или другите техники за орална нега.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....