15:53 - 10 ноември, 2026

НАЈЛОШИОТ ПИЈАЛАК ЗА БОЈАТА НА ВАШИТЕ ЗАБИ: Полош дури и од кафето

семејство

Пигментот што влијае на бојата на забите се наоѓа во помал процент во виното, но пијалaкот во кој е присутен многу повеќе е најверојатно одговорен за вашата насмевка која не „сјае“.

Вистина е дека чајот повеќе ги обојува забите отколку кафето поради високата концентрација на танин, вели стоматологот Ина Черн за „Welllandgood“ и објасни дека танинските соединенија се она што му дава горчлив вкус на чајот. Оние кои претпочитаат зелен чај не мора да се грижат премногу.

Темните чаеви имаат многу повисока концентрација на танин, кои со текот на времето влијаат на бојата на забите.

чај

„Количината на танин во чаевите варира во зависност од производителот, но со сигурност може да се каже дека црниот чај има најголема количина, додека зелениот има многу помала количина“, вели Черн.

Билните чаеви се генерално добри за вашите заби.

„Чаевите без танин ги вклучуваат повеќето од оние без кофеин или оние од растенија како ѓумбир, шипинки, камилица, јасмин и хибискус“, додаде таа.

чај

Неколку совети за луѓето што пијат чај:

  • Додадете млеко или замена за млеко во чајот. Ова ќе ја осветли бојата и со тоа малку ќе ги заштитите забите.
  • Откако ќе го испиете чајот, можете да пиете малку вода и да ги измиете забите.
  • Пиењето чај со сламка ќе го минимизира контактот на течноста со забите.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....