16:03 - 10 ноември, 2026

ШТО ЛИ КРИЕ ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Дали ќе се прекрши традицијата?

кралица елизабета, принц филип

Тестаментот на принцот Филип, војводата од Единбург, ќе се чува во тајност најмалку 90 години со цел да се заштити „достоинството и положбата“ на кралицата.

Имено, станува збор за традиција долга повеќе од еден век, бидејќи, по смртта на некој член на кралското семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пренесуваат британските медиуми.

(ВИДЕО) ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА ЖИВОТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Кралското семејство споделува лични спомени

Тоа значи дека документите не се достапни за јавноста, а по 90 години ќе се одржи приватен процес на кој ќе се одлучи дали тестаментот може да се отпечати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Сослушувањето за барањето за запечатување на тестаментот се одржало приватно во јули од страна на сер Ендрју Мекфарлен, највисокиот судија на семејниот суд.

Мекфарлен ги сослушал аргументите на адвокатите кои го застапуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите на државниот адвокат и во четвртокот ја објави својата одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Мекфарлен објасни дека тој, како претседател на Одделението за семејство на Високиот суд, е чувар на сефот во кој имало повеќе од 30 пликови, од кои секој содржи запечатен тестамент на принцот Филиш.

За првпат по повеќе од сто години, се покрена процес којшто би овозможил тие тестаменти да се објават.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....