20:21 - 11 јули, 2026

Мајките кои биле позитивни на ковид-19 за време на бременоста пренесуваат антитела на своите бебиња

Бремените жени кои имаат ковид-19, пренесуваат антитела против овој вирус на своите деца, откриле истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија. Студијата е објавена во списанието „JAMA Pediatrics“.

Заштитата на новороденчињата од инфекција првенствено зависи од антителата кои се пренесуваат од мајката на бебето преку плацентата.

Ова исто така се однесува и на заштита од „SARS-CoV-2“, меѓутоа, деталите за пренесувањето на антителата во овој случај сè уште не се целосно разјаснети, пишува „Газета.ру“.

Profimedia
Profimedia

Истражувачите откриле дека колку порано идната мајка се заразува со коронавирус, во првите месеци од бременоста, толку е поголема концентрацијата на антитела во крвта на папочната врвца.

Нашите резултати се целосно во согласност со она што би можело да се очекува од студиите и за други вируси“, вели професорот Скот Хенсли, еден од авторите на студијата.

Истражувачите следеле 1.714 жени кои родиле помеѓу април и август 2020 година. 83 од нив биле позитивни на ковид-19, а кај 72 бебиња научниците откриле антитела во крвта на папочната врвца, без оглед на тоа дали мајката имала симптоми на вирусот или не.

Profimedia
Profimedia

Кај околу половина од децата, нивото на антитела било исто или поголемо отколку кај мајката, а во ¼ од случаите било дури 1,5 до двапати повисоко.

Антителата на „SARS-CoV-2“ преминале во плацентата и кај тешките и кај асимптоматските форми на коронавирусот“, велат авторите.

Нивната концентрација во крвта на папочната врвца, директно покажа колку антитела има во крвта на бремената жена и колку била силна инфекцијата. Ова покажува дека антителата можат да го заштитат фетусот од инфекција“, велат истражувачите.

unsplash

Антителата кои ја преминале плацентната бариера се „имуноглобулин Г“, кој се создава неколку дена по инфекцијата и најверојатно обезбедува долгорочна заштита од коронавирусот. Ниту едно бебе немало немало „имуноглобулин М“, кои се појавуваат веднаш по инфекцијата.

Ова, забележуваат научниците, доведува до заклучокот дека самите деца не се заразени со коронавирус.

Научниците сè уште не можат да кажат дали овие антитела ќе бидат доволни за максимална заштита на новороденчињата од вирусот. Како што велат тие, потребни се дополнителни истражувања.

Исто така, научниците треба да испитаат дали однесувањето на антителата генерирани по болеста и по примена вакција се разликуваат.

EPA-EFE
EPA-EFE

Претходните опсервации покажаа дека антителата генерирани по ковид-19, биле помалку активни низ плацентната бариера од антителата по вакцинација против грип и кашлица. Можно е, по вакцинацијата против „SARS-CoV-2“, реакцијата да биде поголема, но тоа треба дополнително да се истражи.

Бремените жени не учествувале во испитувањата на вакцини против коронавирусот, а до пред неколку дена, ниту пак им било сугерирано дека можат да ја примаат вакцината.

По апелот на американските експерти, СЗО ја ажурираше препораката во врска со вакцинацијата против коронавирус во бременоста.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивни операции за замена на аортна валвула со користење на десен трансаксиларен пристап

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Доц. д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ

apostolova

Сезона на вишни: Суперовошје што го чува срцето и го подобрува сонот

Т.Ц.

Како да ги препознаете симптомите на сончаница и топлотен удар пред да биде предоцна

Т.Ц.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е сколиоза, како да ја препознаете кај детето и како се третира?

Еспресо
Се вчитува....